Новиот Audi А4 allroad Quattro - Совршен придружник во секоја ситуација

Новиот Audi А4 allroad Quattro – Совршен придружник во секоја ситуација

Новиот Audi А4 allroad Quattro е олицетворение на уникатен концепт. Тој комбинира високо ниво на комфор при возењето со теренски квалитети, што го прави единствен во својата класа. Благодарение на стандардниот погон на четири тркала и повисокото растојание од подлогата, овој автомобил лесно се вози и онаму каде што завршува асфалтираниот пат.

Audi A4 allroad quattro

Комфорен при возењето со сите квалитети на теренско возило, е добитната комбинација на новиот модел Audi А4 allroad Quattro којшто летово се очекува да пристигне во салоните на Audi низ Европа.

Новиот Audi А4 allroad Quattro се одликува со уникатен изглед и бројни перформанси што го прават единствен во неговата класа. Кога станува збор за изгледот, моќните лакови на тркалата и задниот браник обоени во сива мат боја веднаш го привлекуваат вниманието. Подвозјето и задниот дифузер на возилото, пак, се издвојуваат со нивната сребрена боја. Карактеристичниот спортски преден дел со закосени предни светла, независниот браник и специфичните отвори за воздух го откриваат екстровертен карактер на овој автомобил. Вертикалните хромирани прачки ја истакнуваат предната решетка, а високите шини на покривот на возилото му даваат типичен „allroad“ изглед.

TFSI и TDI моторите на Audi А4 allroad Quattro нудат подобрени перформанси со поголема ефикасност. TFSI и петте TDI мотори имаат моќност која се движи меѓу 150 и 272 коњски сили, што е за 27 коњски сили повеќе од претходниот модел. Кај овој модел Audi ги редуцираше емисиите на јаглеродмоноксид на максимални 21 грам на километар. Преносот на брзини се контролира преку мануелен менувач со шест брзини или со новиот седум степен S tronic автоматски менувач, додека пак во иднина Audi за овој ќе произведува и автоматски менувач со осум брзини. Погонот на сите четири тркала е стандард за овој модел, а новиот Quattro погон ќе дебитира кај Audi А4 allroad Quattro со 2.0 TFSI мотор.

Споредено со Audi А4 Avant, висината на возење е зголемена за дополнителни 23 милиметри, а со зголемен дијаметар на тркалата се овозможуваат и дополнителни 34 милиметри кај растојанието од подлогата. Audi го нуди новиот А4 allroad Quattro со систем со кој за првпат возачот може да го избере начинот на амортизација. Овој модел промовира нова верзија на Audi драјв селект со повеќе функции од претходно. Во прилог на познатите начини „комфорт“, „авто“, „динамик“, „ефикасно“ и „поединечно“ (кој доаѓа само во комбинација со навигацискиот систем), сега е достапен и „офроуд“ – режим на возење, за патувања по неасфалтиран пат.

Новиот Audi А4 allroad Quattro доаѓа со стандардни 17-инчни алуминиумски тркала, а заедно со Quattro Audi нуди дополнителна варијанта на големини од 17 до 19 инчи. Багажникот има простор за складирање од 505 литри, додека целосниот капацитет со спуштени задни седишта, комплетно исполнет до покривот изнесува 1,510 литри. Капакот на багажникот и електричната задната врата доаѓаат како стандардна опрема. Како дополнителни опции Audi нуди контрола со сензори, а клиентите можат да нарачаат и кука за влечење, која што вклучува и систем за помош при влечење приколки.   Внатрешноста на автомобилот е пространа, со бројни софистицирани елементи чувствителни на допир. Разновидниот спектар на системи за поврзување, паметниот интерфејс и телефонската кабина со индуктивен полнач ја претставуваат најновата генерација во безжичното поврзување. Како јаготка на тортата, Audi е првиот производител којшто вгради 3Д звук кој се емитува преку 19 звучници во возило од средна големина.

На возачите на allroad quattro достапни им се сите видови помош при возењето и безбедносни системи кои што ги имаат и останатите модели од семејството Audi А4.

Audi го развиваше успешниот А4 модел во allroad верзија уште од 2009 година. Втората генерација од овој модел ќе пристигне во салоните на Audi низ Европа во летото 2016 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар