Модерната технологија рано ги открива болестите на очите

Модерната технологија рано ги открива болестите на очите

1-modernata-tehnologija-rano-gi-otkriva-bolestite-na-ochite-kafepauza.mkСистина Офталмологија, како очна клиника која работи исклучиво со современа апаратура, од неодамна го воведе и пентакамот кој се смета за златен стандард во дијагностицирање на состојбата на окото.

Пентакамот е една од најважните и најсовремените дијагностички алатки за рано откривање на очни болести пред да се појават било какви симптоми со што се отежнува откривањето на видот на болеста, познато во медицинската терминологија како поставување на клиничка дијагностика на болеста. Пентакамот го испитува окото на тој начин што прави 3Д анализа на предниот сегмент на окото односно на рожницата на окото со кој се добива целосна слика на предниот и задниот сегмент на окото, дали окото има некоја неправилност и колку е дебела рожницата, кои се особено значајни за утврдување дали пациентот е кандидат за одреден тип интервенција.

Тој е основен инструмент во прегледот за ласерска корекција на диоптрија бидејќи со него се утврдува дали пациентот е кандидат за таа интервенција. Со анализирањето на предната и задната површина на рожницата, утврдување на диоптријата и цилиндер, се согледува анатомијата и здравјето на окото и можностите дали одредено испакнување на окото би можело да доведе до постоперативни компликации, како и промени во солзниот филм кој мора да биде стабилен пред пациентот да подлежи на ласерска интервенција.

2-modernata-tehnologija-rano-gi-otkriva-bolestite-na-ochite-kafepauza.mk

Исто така, пентакамот е задолжителен за следење на резултатите на cross linking метода со која ја стабилизираме рожницата на која и е пронајден кератоконус. Кератоконус е прогресивна болест која се јавува кај младите луѓе и доведува до сериозно истанчување на рожницата и нејзино испакнување. Поради тоа, е потребно навремено откривање на оваа болест бидејќи може да доведе до трансплантација на рожница.

Пентакамот се користи и во прецизните пресметки пред вградување на најновите видови на мултифокални леќи леќи при операција на катаракта (перде). Кај пациентите кои веќе направиле операција на катаракта во установа каде немало можност за вградување на торична леќа со која се коригира и цилиндер, со помош на пентакамот прецизно го мериме цилиндерот и се овозможува докорекција на таа диоптрија на рожницата со што им овозможуваме на пациентите да не носат очила за далеку.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар