ДХЛ Експрес Македонија се закити со престижното Супербренд признание

На свечената церемонија на доделувањето на глобалната награда Супербрендс, во конкуренција на голем број реномирани пазарни марки, курирската компанија ДХЛ Експрес Македонија се закити со престижното Супербренд признание за 2013/14 година. Ова е трета година по ред како компанијата го добива ова признание.

dhl-ekspres-makedonija-se-zakiti-so-prestizhnoto-superbrend-priznanie-kafepauza.mk

Покрај стручното жири, во изборот на најдобрите учествуваа преку 8.000 потрошувачи. Пресудни беа квалитетот, сигурноста, препознатливоста и емотивната приврзаност на корисниците кон брендот.

„Ни претставува огромна чест и задоволство што нашите корисници и стручното жири го препознаа квалитетот, традицијата и професионалноста со која работи ДХЛ Македонија. Нашата стратегија за во иднина е и понатаму да бидеме лидери во секторот на логистиката и да им понудиме на нашите клиенти иновативни и прилагодени решенија. Им благодариме на сите за поддршката и довербата која ни ја подарија“, изјави Сашко Неделков, комерцијален директор на ДХЛ Експрес Македонија.

ДХЛ Експрес е прва и единствена курирска компанија во Македонија основана со 100% странски капитал пред 21 година како рамноправен член на светската мрежа на DHL Worldwide Network. Со пазарно учество во полето на курирскиот транспорт повеќе од 70%, ДХЛ Експрес Македонија е незаменлив партнер на над 2000 компании и институции во Македонија во нивната меѓународна комуникација.

На доделувањето на признанијата присуствуваа преку 150 гости од бизнисот, маркетингот, медиумите и естрадата меѓу кои и легендарниот актер, режисер, музичар и продуцент Раде Шербеџија, како и претставници на организацијата Супербрендс. Манифестацијата беше збогатена и со претставување на најновото издание на Супербренд публикацијата преку која првпат се обединуваат Супербрендовите од Адриатик регионот. Супербренд публикацијата нуди увид во начинот на кој настанале брендовите.

1-dhl-ekspres-makedonija-se-zakiti-so-prestizhnoto-superbrend-priznanie-kafepauza.mk

Третиот по ред избор на македонски супербрендови почна со селекцијата на стручното жири во почетокот на 2013 година кога повеќе од 1.000 домашни и меѓународни брендови во 27 категории беа на списокот финалисти, изготвен во соработка со водечките маркетинг и агенции за испитување на пазарот.

Меѓународната организацијата Супербренд е единствен глобален и независен авторитет во сферата на брендингот. Присутна е во преку 90 земји ширум светот и има за цел да ги идентификува водечките брендови на секој поединечен пазар, како и да ја промовира дисциплината на брендингот. Организацијата моментално соработува со повеќе од 15.000 пазарни марки од различни области. Реномираните светски брендови како што се: Coca-Cola, DHL, Google, IBM, McDonald’s, Microsoft, Wrigley и многу други, активно го употребуваа стекнатиот статус и знак во своите промотивни активности ширум светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар