Арт Мебел Центар - Гордо исправени пред предизвиците

Арт Мебел Центар – Гордо исправени пред предизвиците

Предизвик е да се биде НАЈДОБАР!

Со своите пет години постоење, Арт Мебел Центар успеа да изгради бренд на македонскиот пазар, примарно со своите неверојатни кујни од калено стакло, што своевидно станаа заштитен знак на оваа млада, но брзорастечка фирма. Бројните задоволни клиенти, недвосмислено говорат за квалитетот на овие производи, кои со својата уникатност, стил и елеганција успеваат да се всадат во срцето на секој што ќе ги види. Признанието за тоа се наоѓа во двете последователни награди од ЕРА – Саем за мебел, за најдобар македонски производ во категоријата Мебел за кујни, што Арт Мебел Центар успеа да ги добие за своите кујни и начинот на употреба на современи материјали во истите. Така и оваа година, Арт Мебел Центар ќе излезе со нови изненадувања за посетителите на Саемот за мебел 2015 година, каде потрошувачите ќе можат да ја видат нашата мисија и визија на дело.

1.1-art-mebel-centar-gordo-ispraveni-pred-predizvicite-kafepauza.mk

Предизвик е да се биде УСПЕШЕН!

Успехот не доаѓа сам по себе. За да се биде успешен, треба голема посветеност, многу работа и пред се одговорност. Но успехот не е предизвик за Арт Мебел Центар. Успехот е начин на живот за секој вработен во оваа фирма. Секој поединец индивидуално работи за колективниот успех на компанијата. Доколку еден успее, успеваат сите. Затоа, искрено веруваме дека и оваа година, Арт Мебел Центар ќе ги воодушеви посетителите на Саемот за мебел 2015, каде успесите на компанијата ќе бидат изложени пред сите.

2.1-art-mebel-centar-gordo-ispraveni-pred-predizvicite-kafepauza.mk

Предизвик е да се биде ПРОФЕСИОНАЛЕН!

Арт Мебел Центар не е само производство и продажба на квалитетен, стилски и елегантен плочест мебел. Тимот од млади професионалци, кои имаат сенс за контемпорарен спој на функционалноста и дизајнот, како и оптимално искористување на просторот, ќе го претворат Вашиот дом во дом од соништата, каде за се има место и се е на свое место. Комплетно функционално ентериерно уредување на Вашиот дом, по Ваша мерка. Дозволете вашите желби да станат реални.

3.1-art-mebel-centar-gordo-ispraveni-pred-predizvicite-kafepauza.mk

Предизвик е да се биде РАЗЛИЧЕН И УНИКАТЕН!

Искуството на одбирање и купување мебел, за секој купувач е различно. Затоа, Арт Мебел Центар, секогаш се труди да излезе во пресрет на Вашите желби и потреби, и одговорно и професионално да одговори на истите. Арт Мебел Центар не Ви нуди само мебел, Ви нуди искуство во купувањето, Ви нуди совети за Вашиот дом, оптимална поставеност на елементите за максимална функционалност на просторот. Креативен сплет на врвната технологија и современиот дизајн, истакнат преку чистата форма на секој елемент посебно.

4.1-art-mebel-centar-gordo-ispraveni-pred-predizvicite-kafepauza.mk

ВАШИОТ ПРЕДИЗВИК Е НАША ОДГОВОРНОСТ!

Ваш, Арт Мебел Центар

ART logo

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар