Уживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина

Дали некогаш сте биле на прошетка низ природа и сте подзастанале на момент, за да уживате во звуците на природата? Звукот на ветерот, дождовните капки коишто капат по листовите и црцорењето на птиците во комбинација, секогаш успеваат да создадат неверојатно мелодичен природен оркестар.

Уживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина

На Јапонците, изгледа природата сама по себе не им била доволно инспиративна, па во 2011 година, Морихиро Харано и неговиот тим направиле соработка со столарот Мицуо Цуда и инженерот Кензиро Мацо, за да направат огромен ксилофон, издигнат низ шумските дрвја.

Тие го направиле ксилофонот во една долга линија и поставиле мало гумено топче на нејзиниот почеток. Потоа, му дозволиле слободно да паѓа надолу и да формира музика, удирајќи по ксилофонот распослан низ волшебниот пејзаж.

Како што ксилофонот ги одѕвонува нотите, можеби ќе ја забележите мелодијата којашто тој ја свири – познатата Кантана 147 на Јохан Себастијан Бах, со темпо и инструментал до перфекција.

„Дрвната“ симфонија се пробива низ природната тишина на шумата. Интересно е тоа што во изработката на овој проект, немало баш многу простор за правење грешки, бидејќи само една грешно поставена нота, можела да ја наруши целата изведба.

За изненадување е фактот што истиот ден кога било снимено ова видео, ѕверски земјотрес ја погодил Јапонија. После овој немил настан, мелодијата од ксилофонот имала уште посмирувачки ефект врз целиот јапонски народ.

Доколку ја посетите градината Даисетцу Мори-но, дел од познатите јапонски градини Хокаидо Гарден Шоу, можете да си купите ваше гумено топче од машина и да го пуштите да патува по должината на ксилофонот.

Поради фактот што дрвените плочки можат да скапат, на врнежливи денови оваа градина е затворена.

Може да ве интересира и оваа волшебна ерменска музика за релаксирање.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар