25-те најпродавани музички артисти на сите времиња

25-те најпродавани музички артисти на сите времиња

Од примитивните и неточни топ листи од 30-тите и 40-тите, до модерната ера на Јутјуб и дигитална продажба, критериумите за комерцијалниот успех навистина се променети. Ова значи дека може да биде тешко да се спореди успехот на артистите од минатото со успехот на денешните артисти. Сепак, постојат некои официјални извори за бројот на продадени албуми на артистите, па погледнете кои се 25-те најпродавани изведувачи на сите времиња.

25-те најпродавани музички артисти на сите времиња

1. Род Стјуарт: 76 милиони

Со 6 последователни број еден албуми, 6 број еден синглови во Велика Британија и 16 топ 10 синглови во САД, Род Стјуарт е еден од најуспешните британски соло артисти на сите времиња.

2. Бритни Спирс: 80 милиони

Бритни е една од најголемите ѕвезди тинејџери, а нејзиниот успех во текот на 90-тите и раните 2000-ти може да се спореди со оној на Мадона и Мајкл Џексон. Официјално, Бритни има продадено околу 80 милиони албуми и синглови.

3. Фил Колинс: Над 80 милиони

Фил Колин има разнобојна музичка кариера во која добил и ѕвезда на Холивудскиот булевар на славните. Иако се проценува дека ширум светот има продадено над 150 милиони копии, официјалните броеви покажуваат малку над 85 милиони продажби.

4. Metallica: 90 милиони

Од истоимениот албум на Metallica од 1991-ва година биле продадени 16 милиони копии во САД во текот на изминативе 30 години. Ова е еден од комерцијално најуспешните бендови на сите времиња, кои само во САД продале над 55 милиони албуми.

5. Aerosmith: Над 90 милиони

Aerosmith е еден од бендовите кои најдолго се на сцена – речиси 45 години. Тие тврдат дека ова е најпродаваниот рок бенд од Америка, со над 150 милиони продадени копии ширум светот. Иако не може да се одреди точниот број на продадени копии, реално не надминува 95 милиони.

25-те најпродавани музички артисти на сите времиња

6. Барбара Стрејсенд: 97 милиони

Таа е една од малкуте артисти кои имаат добиено Оскар, Еми, Греми и Тони награда. Иако нејзиниот успех не бил толку добар во странство колку во САД, таа сепак продала околу 97 милиони копии.

7. Брус Спрингстин: 100 милиони

Брус отсекогаш бил вреден човек кој постигнал многу со неговата музика вклучувајќи 20 Греми награди, 2 Златни глобуси и Оскар. Со неговиот последен албум „High Hopes“, Брус продал 100 милиони копии ширум светот.

8. Били Џоел: Над 100 милиони

Иако не им е многу познат на милениумците, Били Џоел е третиот најпродаван артист од САД. Неговиот албум „Greatest Hits Vol. 1&2“ е третиот најпродаван албум на сите времиња во САД. Били има продадено над 100 милиони копии од неговите албуми.

9. The Rolling Stones: Над 100 милиони

Еден од најиздржливите бендови во историјата нема продадено толку многу албуми колку што можеби мислите. Иако се проценува дека се продадени над 200 милиони копии од нивните албуми, реалната бројка е половина од тоа. Сепак, 6 од 20-те најпосетени концерти во светот му припаѓаат на овој безвремен бенд.

10. U2: 105 милиони

Овој бенд започнал како мала бунтовна музичка изведба во Ирска, но успеал да го освои целиот свет. Во текот на кариерата, имаат освоено 22 Греми награди, повеќе од кој било друг бенд. Покрај тоа нивната тура „U2 360º“ e една од најпосетените со 7,2 милиони продадени влезници.

25-те најпродавани музички артисти на сите времиња

11. Queen: Над 105 милиони

Со 18 број еден албуми и 18 број еден синглови во САД, Велика Британија и Европа, Queen си го обезбедиле нивното место во музичката историја. Од нивниот албум од 1981-ва година, „Greatest Hits“, се продадени 6 милиони копии, што го прави најпродаваниот во Велика Британија.

12. AC/DC: 110 милиони

Се проценува дека овој бенд има продадено над 200 милиони копии ширум светот. Иако официјалните броеви покажуваат дека продале 110 милиони копии, речиси сигурно се повеќе.

13. Витни Хјустон: 112 милиони

Витни собори неколку рекорди во текот на нејзината кратка, но неверојатна кариера. Со над 112 милиони продадени албуми, бројни награди и пофалници, неверојатното наследство на Витни секогаш ќе биде нејзиниот глас.

14. Еминем: 115 милиони

Еминем е најпродаваниот хип-хоп артист на сите времиња и најпродаваниот артист во 2000-тите со вкупно 45 милиони продадени албуми, и тоа само во САД. Ширум светот Еминем има продадено над 115 милиони копии.

15. Рink Floyd: Над 115 милиони

И покрај неоспорниот комерцијален успех, славата и наследството на бендот им се припишуваат на нивните филозофски текстови, експериментите со звукот и неверојатните концерти.

25-те најпродавани музички артисти на сите времиња

16. Селин Дион: 125 милиони

Селин Дион е единствениот женски изведувач кој има два синглови продадени над милион пати. Без сомнение Селин останува една од најпродаваните женски музички изведувачи, со над 125 милиони копии продадени ширум светот.

17. Мараја Кери: 130 милиони

Мараја била најпродаван артист во 1990-тите, имала 18 број еден синглови во САД, и како ова да не е доволно, нејзиниот глас има распон од дури пет октави.

18. Eagles: Над 130 милиони

И покрај тврдењата на Aerоsmith, ова е најпродаваниот американски бенд со над 130 милиони продадени албуми.

19. Led Zeppelin: 140 милиони

Според разни извори, се смета дека бендот продал помеѓу 200 и 300 милиони албуми и синглови. Официјалниот број е 111,5 милиони и тие се вториот најпродаван бенд во САД и еден од комерцијално најуспешните бендови.

20. Гарт Брукс: 145 милиони

Статистички, Гарт е најпродаваниот музички артист во историјата на САД, а трет во целиот свет. Шест од неговите албуми биле продадени во над 10 милиони копии. Без сомнение, Гарт е кралот на кантри музиката.

25-те најпродавани музички артисти на сите времиња

21. Елтон Џон: 162 милиони

Верзијата од 1997-ма година на „Candle in the Wind“ која Џон ја напишал одново во чест на принцезата Дијана, се продала во над 33 милиони копии. Па, се смета дека ова е најпродаваниот сингл на сите времиња.

22. Мадона: 166 милиони

Нејзината продуцентска куќа тврди дека Мадона има продадено над 300 милиони копии. Исто така таа е најпродаваниот женски музички изведувач според Гинисовата книга на рекорди. Официјалните броеви кажуваат дека има продадено околу 166 милиони копии ширум светот.

23. Мајкл Џексон: 175 милиони

Без сомнение Кралот на попот срушил неколку рекорди во текот на неговата кариера. Тој го има најпродаваниот албум на сите времиња, најпродаваното музичко видео и има добиено повеќе музички награди од кој било изведувач во светот. Иако тој тврдел дека имал продадено 700 милиони копии, се проценува дека реалниот број е околу 175 милиони.

24. Елвис Присли: 210 милиони

Ова е единствениот соло артист кој ја надминал границата од 200 милиони. Уште поинтересно е што продажбата на неговата музика не била следена пред 1958-ма година, што значи дека не се вклучени годините кога бил најуспешен.

25. The Beatles: 265 милиони

Овој бенд го држи речиси секој музички рекорд – тие имаат најмногу број еден албуми во САД, најмногу број еден синглови во САД, најмногу број еден албуми во Велика Британија и имаат продадено повеќе синглови овде од кој било друг изведувач. Тие се најпродаваните изведувачи во историјата на музиката. Можеби наскоро ќе ја надминат границата од 300 милиони ако нивните албуми продолжат да се продаваат како досега.

Дознајте нешто повеќе за најконтроверзните музички албуми на сите времиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар