15-те најдобри музички албуми за 2015

Доколку сте музички фан и редовно ги следите вашите омилени пејачи, пејачки и бендови, тогаш без сомнение сте на вистинското место. Сигурни сме дека веќе сте чуле за овие албуми и дека ги знаете сите песни кои тие ги содржат, па токму затоа и решивме да направиме една листа во која ги издвојуваме најдобрите 15 од претходната година кои едноставно мора да се имаат. Што мислите, пропуштаме ли некој?

1. Адел – 25

15-те најдобри музички албуми за 2015

Независно дали се сметате за фан на оваа мега популарна дама или не, Адел без сомнение го освојува првото место на листата на најуспешни албуми за 2015. Покрај фактот што го собори рекордот на N-sync за само 3 дена, песната „Hello“ стана предмет на бескрајни пародии и неизбежен дел од концертите под тушот. И додека „25“ нуди низа нови прекрасни балади со нејзиниот потпис, Адел ни нуди и дел од новото и модерното низ песните „Send My Love (To Your New Lover)“ и „Water Under the Bridge“.

2. Шамир – Ratchet

15-те најдобри музички албуми за 2015

Шамир има само 21 година и веќе постигна неверојатен успех. Oд прва рака може да ни понуди забавни ритами преку „On the Regular“ и „Make a Scene“. И да, неговиот глас е баш таков, без никакви компјутерски алтерации. Неверојатно.

3. One Direction – Made in the A.M.

15-те најдобри музички албуми за 2015

Момците оваа година можеби изгубија еден член, но не ја изгубија моќта за правење добра поп музика која ќе ја потпевнувате веднаш после првото слушање. Се чини дека заминувањето на Зејн Малик од групата додатно ги зајакна и ги мотивираше преостанатите пејачи да работат уште повеќе за да бидат посилни и да ни го понудат најдоброто од себе.

4. Ерика Баду – But You Caint Use My Phone

15-те најдобри музички албуми за 2015

Без сомнеж, Ерика е вистинската личност од која ќе сакате да слушнете кавери на песни кои се подобри од оригиналот, а потоа да направите албум кој ќе го претвори вашиот мобилен во магична кристална топка со магичен звук.

5. Кејси Мусгрејвс– Pageant Material

15-те најдобри музички албуми за 2015

Велат дека делата на Кејси се кантри музика за оние кои не сакаат да слушаат ваков жанр. Иако ова би требало да биде комплимент, тоа исто така алудира на фактот дека Кејси не ги сака љубителите на кантри музиката, што е сосема погрешно. Баш напротив, Кејси нè тера накратко да навлеземе во оваа сцена и да уживаме во комбинацијата на дрската Лорет Лин и опуштениот Вили Нелсон.

6. Џастин Бибер – Purpose

15-те најдобри музички албуми за 2015

Џастин ја помина 2015-тата извинувајќи се за сѐ што направи во 2014-тата, па затоа и по излегувањето на албумот Purpose луѓето повторно сакаа да го гледаат како уметник, а не како нескротлив насилник. Новиот албум нуди широка разноликост – од оној необичен хит со Скрилекс и Дипло (тоа е инаку неговиот глас, а не флејта), до „What Do You Mean?“ и „Sorry“. Дали Бибер конечно порасна?

7. Sleater-Kinney – No Cities to Love

15-те најдобри музички албуми за 2015

Повеќето бендови, кои одамна ја напуштија музичката сцена, не би се вратиле без една голема повратна турнеја, но Sleater-Kinney не се како повеќето бендови. Долгогодишната пауза воопшто не им наштети на нивната способност да прават одлична музика, баш напротив, тие се вратија посилни од кога било претходно. „Price Tag“ и „No Anthems“ не само што се најдобрите песни од албумот, туку тие се и нивните најдобри песни воопшто.

8. Бјорк – Vulnicura

15-те најдобри музички албуми за 2015

Ако барате песни кои ќе ве натераат да си ја исплачете душата, без сомнение ќе ги пронајдете на 9-тиот албум на легендарната Бјорк, која својот албум го посвети на прекинот на нејзината долгогодишна врска со Метју Барни. Зборовите се разорни, но способноста на претворањето на нејзината болка во прекрасна музика е едноставно инспиративно.

9. Bully – Feels Like

15-те најдобри музички албуми за 2015

Со песната „Feels Like“, овој бенд го постигна невозможното – создаде рок албум исполнет со интензивни емоции кои не звучат ни малку вештачки. Малку ги жалиме вашите соседи. И нашите.

10. Џенет Џексон – Unbreakable

15-те најдобри музички албуми за 2015

Џенет, со својот прв албум после 7 години, му покажа на светот како изгледа едно успешно враќање на сцената без копирање трендови и компромитирање на имиџот. Дефинитивно ѝ помогна и соработката со продуцентите Џими Џем и Тери Луис, но зад тој сексапил и глас стои само таа.

11. Џоана Њусом – Divers

15-те најдобри музички албуми за 2015

Џоана Њусом дефинитивно ги сака педантните изведби кои мора да се слушаат повеќе пати, со висока концентрација, по можност додека не работите нешто друго. Освен можеби да уживате во чаша вино, но не премногу, бидејќи мора да го задржите фокусот. Новиот албум, иако е пократок од претходниот, е текстуално и музички сложен и воопшто не губи од богатството. Ако можете да одвоите време и да го ислушате албумот, тоа ќе ви биде едно од најисплатливите музички искуства за оваа година.

12. Лана дел Реј – Honeymoon

15-те најдобри музички албуми за 2015

Лана својот ретро меланхоличен стил почна да го усовршува уште со песната „Video Games“ со која се прослави во 2011-тата година, но „Honeymoon“ го носи тој стил до совршенство. Слушањето на овој албум е како одење по мочуриште во алкохолизирана состојба – гламурозно мочуриште каде сите пијат скап шампањ и носат свилени пижами.

13. Кендрик Ламар – To Pimp a Butterfly

15-те најдобри музички албуми за 2015

Се зборуваше дека овој албум е „комплициран“, но тоа зависи од времето кое сте спремни да го вложите во него. Ако му посветите повеќе внимание, ќе ја цените оваа единствена комбинација на жанрови: од фанк, џез, соул па до сѐ друго, како и способноста за изразување на Кендрик.

14. Грајмс – Art Angels

15-те најдобри музички албуми за 2015

После вестите дека го исфрлила цел албум, тешко беше да се поверува дека Грајмс некогаш ќе издаде нешто брилијантно како минатиот албум „Visions“, но после последниот албум знаеме дека никогаш повеќе не треба да се сомневаме во неа. Нема многу да откриваме, освен тоа дека таа не се шегуваше кога рече дека секоја песна крие целосно поинаков звук. После овој албум, сите други ќе ви се чинат монотони и досадни.

15. Карли Реј Џепсен – E•MO•TION

15-те најдобри музички албуми за 2015

Никој не направи подобар поп албум во 2015-тата од Карли. Секоја песна од новиот албум е она што го посакуваме и очекуваме од една поп песна – веселба, поистоветување, привлечност и тоа до таа мера што после овој албум, нема да престанете да ги потпевнувате мелодиите кои ќе ги излудат, но и изразат сите околу вас. Немојте ни да се обидувате да се борите со тоа и да давате отпор.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар