Погледнете ја оваа навидум обична, а сепак толку магична торта

Скоро секоја жена посакува нејзината свадба да изгледа како од бајка, а на оваа свадба токму тоа се случило.

Оваа торта, која на прв поглед делува толку едноставно и обично, а подоцна станува магична, е креација на Дизни. Креаторите се погрижиле таа да изгледа како од нивните бајки, а за да го постигнат тоа тие користеле проектирано мапирање врз тортата. Проекцијата секогаш може да се прилагодува според желбите, а оваа проекција со Ѕвончица изгледа совршено за свадбената пригода.

Сепак, магичното чини многу, па затоа цената на една ваква торта е 12.000 долари.