Овој златен ретвитер едноставно не знае како да фаќа храна со уста

Некој би претпоставил дека телата на сите кучиња се одлично синхронизирани и дека тие се особено добри при фаќање нешта со својата уста. Но, изгледа дека некои кучиња можат да бидат антиталенти во оваа област и дека едноставно немаат доволна координација на движењата за да го уловат она што лета кон нив.

Овој златен ретривер, Фриц, ни го покажува токму тоа. Тој без разлика колку пати се обидува, секогаш погрешно го проценува движењето на храната и наместо во неговата уста таа завршува некаде врз неговото тело. Но, она што е уште посмешно во ова видео е фактот што сè се случува во забавена снимка. Не можете да не се насмеете, дури и доколку ви е жал за кутрото куче… 🙂