Ова момче дознава дека ќе биде поголем брат, а неговата реакција ќе ви го стопи срцето

Има нешто многу неодоливо во реакциите на децата кога дознаваат дека ќе станат постари брат или сестра. Момчето во ова видео не е исклучок. Откако родителите го упатуваат во новостите преку серија картички од кои чита на глас, 6-годишното момче од Ирска реагира толку емотивно, гушкајќи ја и плачејќи од среќа во прегратката на неговата мајка на која низ плач ѝ кажува колку е среќно.

Сме виделе многу вакви слатки, понекогаш и смешни видеа, но реакциите на ова момче дури се премногу за човек да може да ги поднесе. Па добро, зборуваме за поднесување без солзи во очите. 🙂