Ова детенце има урнебесна реакција на страшна приказна

Една од најдобрите работи да се биде родител е читањето книги на вашето дете. Особено кога станува збор за страшна приказна, тоа знае да биде навистина забавно. Токму тоа можеме да го видиме и во ова видео, каде што една мајка дефинитивно знае како да му чита страшни приказни на својот син. Во истиот момент кога приказната станува страшна, таа додава врисок и комплетно го исплашува својот син. Совршено како за Денот на вештерките.