Неодоливи кутриња освојуваат маѓепсан замок во потрага по својата вечера

Во ова видео имаме можност да видиме како група исклучително неодоливи златни ретривери освојуваат замок и се спуштаат по лизгалка, надминувајќи ги сите пречки на нивниот пат до вечерата. Дел од нив успеваат да пристигнат без проблем, додека пак други се плашат и несигурно се повлекуваат, наоѓајќи поедноставен пат до својата награда. Едноставно не можете да не ги сакате.

Ако ви се допадна видеото, погледнете го и ова со истите кутриња кога прв пат се соочуваат со базен. Ќе се стопите од неодоливост.