Ментор наспроти студент: Татко и ќерка се натпреваруваат во битбокс

Кога ќе го пуштите ова видео и ќе го чуете битбоксот на таткото, сигурно веднаш ќе си помислите дека тој е навистина талентиран. Но, кога ќе започне неговата ќерка, која воедно е и негов студент, вие ќе останете без зборови и уште во првиот момент ќе знаете дека таа без сомнение ќе победи во овој натпревар. Изгледа студентот го надминува менторот!

И покрај сè, она што е најинтересно во ова видео и што остава голем впечаток, покрај неверојатниот талент на оваа девојка секако, е изразот на ликот на таткото на кој лесно можеме да забележиме колку многу тој се гордее со неа, дури и покрај тоа што знае дека губи…

Се надеваме дека ќе имаме можност да видиме уште многу видеа од нив!