„Мамо, ќе се омажиш ли за тато?“: Двете ќерки му помагаат на татко им да ја запроси нивната мајка

Кејтлин Милер и Скот Ворган биле во врска и живееле заедно повеќе од шест прекрасни години. За тоа време ги добиле и двете ќерки, Скарлет која има 3 години и Сиена која има само 20 месеци, но никогаш не се венчале. Скот решил конечно да ја запроси, и тоа преку ова видео за кое му помогнале двете прекрасни ќерки. Тој испишал неколку пораки кои тие ѝ ги покажувале на мајка им. На една од таблите ја прашале дали би сакала тие да бидат девојчињата кои ќе фрлаат цвеќиња наоколу на нејзината свадба, а клучната била онаа: „Мамо, ќе се омажиш ли за тато?“ по што веќе расплаканата мајка рекла „да“.