Мала ласица оди на магично патување на грбот на еден клукајдрвец во лет
Клукајдрвец и ласица кои се возат заедно

Сите си помисливте дека ова е уште една слатка фотографија од две животни од различен вид кои се дружат во природата, нели? Е па, не е. Ова е чиста борба за преживување. Малата ласица се качува на грбот на клукајдрвецот за да го убие, но тој полетува и по некое време пак се спушта за да ја откачи од него. На крајот успева во тоа и останува жив.