Како луѓето го оценуваат успехот на нивните сакани?

Во најголем дел од времето самите сме си најголеми и најстроги критичари и тоа некогаш нѐ враќа по неколку чекори назад. Овој социјален експеримент ни покажува дека многу често се гледаме како помалку успешни за разлика од она што другите го гледаат.

Видеото зад кое стојат Универзитетот Стрејер и сајтот Aplus, е дел од кампањата чија цел е целосно да го редефинира зборот „успех“, во рамките на која се прави петиција за да се промени неговото значење во англискиот речник Меријам Вебстер. Според универзитетот, 90% од Американците успехот го поврзуваат со среќа, а не со „стекнување богатство, почит и слава“ – што е моменталната дефиниција за успех според речникот.

Луѓето во видеово честопати се изненадени кога ќе видат какви оценки добиле од нивните сакани. Затоа запомнете – постојано треба да им кажувате на вашите сакани што мислите за нив и да ги потсетувате дека тие се многу поуспешни отколку што мислат.