Еве зошто секогаш треба детално да го прегледате авионот пред полетување

Двајца луѓе полетуваат во својата едрилица со отворен кокпит. Ова се случува во Куру, Француска Гвајана. Во текот на летот сфаќаат дека имаат неочекуван, трет патник кој очигледно не се пријавил пред полетувањето. Пилотот го забележува „натрапникот“ набрзо после тргнувањето, но со оглед на тоа дека видеото е скратено, не можеме со сигурност да кажеме колку време овој крзнен лик поминал во воздух.

За среќа, сите патници, најавени и ненајавени, на крајот безбедно слетале на земја.

Очигледно покрај рутинските проверки на моторот и опремата, задолжително треба да проверите и дали имате вишок патник на возилото.