Да се обложиме дека не можете!

Тимот од Базфид направиле интересно видео во кое собрале неколку работи кои колку и да се обидуваме, нема да ни успее да ги направиме.

На пример, да се обложиме дека не можете:

  • Да си го лижнете лактот
  • Да си ги допрете прстите на нозете ако стапалата и задникот ви се залепени за ѕид
  • Да дувнете стуткано хартивче од отворот на пластично шише кон внатре
  • Да си ги фатите прстите на нозете и да скокнете напред
  • Да фатите банкнота за средината која некој друг ја пушта
  • Да пиете Кока-кола со две цевки од кои едната е надвор

Погледнете ги и останатите интересни трикови и ако во нешто успеете, облогот е ваш. Со среќа! 🙂