Алкохоличар или милионер? 6 фотографи фотографираат еден човек за да ја покажат моќта на перспективата

Експериментот на Канон Австралија ни покажува што може да се случи доколку фотографите му пристапат на својот субјект со одредена агенда. На 6 фотографи им биле раскажани различни приказни во врска со човекот кој требало да го фотографираат, и токму тоа било причина за да се добијат толку различни фотографии од секој од нив.

Различните приказни за моделот вклучувале дека Мајкл е милионер, поранешен затвореник, видовит, спасувач и рибар. Ова резултирало со создавање на драстично различни фотографии сликани во истото студио со користење на истите реквизити.

„Фотографијата е повеќе обликувана од личноста зад фотоапаратот одошто од она што се наоѓа пред неа“, пишуваат Канон Австралија во видеото.