Викенд книга: „Тајната на сопругот“ – Лиен Мориарти

Викенд книга: „Тајната на сопругот“ – Лиен Мориарти

Драга моја Сесилија, ако го читаш ова, тоа значи дека јас сум мртов…
Наша оценка: 9/10
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 7,83 од 10)
Loading...

vikend-kniga-tajnata-na-soprugot-lien-moriarti-kafepauza.mk

Сите ние имаме тајни, и секое семејство има тајни, само што има разлика од тајна до тајна. Некои тајни може целосно да го променат животниот тек на многумина, да им ги изменат животите од корен, да ја разнишаат секоја нишка на спокојот, и да им го завртат светот за 360˚. Ви претставуваме неверојатна брза, мистериозна, импулсивна, прекрасна драма која ќе ве остави без зборови, бестселер според Њујорк тајмс, кој особено ќе им се допадне на обожавателите на „Очајни домаќинки“.

Како што веќе спомнав, сите ние имаме тајни, ама не како оваа…


Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги


Сесилија навидум има сè што една жена може да посака. Мајка е на три прекрасни девојчиња, има верен сопруг кој е почитуван од сите во заедницата, бизнисот ѝ цвета, секогаш е исполнителна, одговорна и подготвена да пружи помош. На нејзината организираност може секој да позавиди. Но, овој розов свет на Сесилија за брзо ќе почне да се распаѓа поради мрачната тајна која со години го разорува срцето на нејзиниот сопруг и не му дава мир и спокој. Сесилија наоѓа писмо адресирано до неа, со намера да дојде до нејзините раце по смртта на нејзиниот сопруг.

На почетокот така сигурна дека нема да го отвори писмото бидејќи е добра сопруга и му ветила на својот сопруг дека нема да го стори тоа, Сесилија сè повеќе ја јадат несигурноста и копнежот. Ако писмото е само обично лигаво изразување љубов, зошто нејзиниот сопруг така се потресе кога дозна дека писмото е пронајдено? Зошто толку инсистира да не биде прочитано?

„Сè се случи поради Берлинскиот ѕид. Да не беше Берлинскиот ѕид, Сесилија никогаш немаше да го пронајде писмото и тогаш немаше да седи овде, на кујнската маса, воздржувајќи се да не го скине и отвори.“

Во целата оваа приказна вмешани се и други две дами чии животи страшно се поврзани со тајната на сопругот на Сесилија. Рејчел е постара дама која цел живот го минува во тажење и оплакување на нејзината прерано почината ќерка, во неспокој поради тоа што убиецот е слободен и го живее својот живот онака како што нејзината ќерка не можела. Тес е мајка на малечко момче, воздржана и срамежлива жена, која дознава дека нејзиниот сопруг е способен да ѝ нанесе голема болка.

Секоја глава од книгата маестрално раскажува за животите на овие дами, на почетокот суптилно поврзувајќи ги за подоцна целосно да ја расчисти нивната поврзаност. Книгата започнува со мала споредба со Пандора, љубопитната жена која го отворила она што не смеела да го отвори.

Книгата навистина ме маѓепса, не можев да ја оставам, го обожавам тој концепт на сeповрзаност, обожавам да претпоставувам што се случило, обожавам кога една книга е неизвесна и не можам да дочекам да дознаам нешто. Книгава ќе ве натера да се запрашате, дали сè се случува со причина, дали сите наши постапки се испреплетени со нечии други постапки и мисли, дали сè е магично поврзано, дали сè се враќа и сè се плаќа?

Она што навистина ми се допадна е претпоставувањето што би било кога би било, епилогот е магичен, затоа мора да останете фокусирани до самиот крај, за да дознаете што би било кога некои работи не би се случиле или се случеле поинаку.

Магична книга, прекрасна, вреди да се прочита.

„Никој од нас не ги знае можните патишта по кои нашите животи можеле – и можеби требале – да тргнат. А најверојатно и така е подобро. На некои тајни им е пишано вечно да останат во тајност. Само прашајте ја Пандора.“

Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 1 ноември 2014.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Princess Reply

    Koj e srekjniot dobitnik? 😀

Остави коментар