Книга: „Триумфална капија“ - Ерих Марија Ремарк

Книга: „Триумфална капија“ – Ерих Марија Ремарк

„Каде ли останаа авантурите на срцето? Убиени од мрачните авантури на животот.“

Книга: „Триумфална капија“ – Ерих Марија РемаркКнигите инспирирани од најочајните времиња во светската историја, трагичните животни приказни и уништени соништа кои војните со себе ги носеле, се всушност најдобрите четива за оние кои бараат емотивни и длабоки дела. Ерих Марија Ремарк е вистински избор кога станува збор за овој жанр, пишувајќи за антимилитаристички и антивоени теми, секогаш проткаени со доза љубов и романса, а тоа само го потврдуваат неговите безвремени романи. „На запад ништо ново“, „Триумфална капија“, „Време за живот и време за смрт“ се само дел од фасцинантните дела на Ремарк кои години наназад го поминуваат тестот на времето и ги потсетуваат читателите што е навистина квалитетна литература. Пацифист каков што бил, Ремарк низ своите книги ги искажува ставовите против нацистичкиот режим поради што неговите книги биле забранети, па на сопствена кожа ја почувствувал суровоста на војната и бил принуден да мигрира во Америка.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Всушност „Триумфална капија“ е книга токму за мачната судбина на бегалците, луѓето без своја земја, препуштени на милоста и немилоста на надворешниот свет. Главниот лик, Равик, е германски доктор кој побегнал од родната земја за време на Првата светска војна, минувајќи низ вистински пекол во нацистичките затвори поради неуспешниот обид да им помогне на пријателите да побегнат од Гестапо и брутално малтретиран од нацистички офицер кој засекогаш ќе остане негов најголем кошмар. Преживувајќи неколку неуспешни обиди за бегство и неколку депортирања назад, Равик успева да се скрие во Париз каде што работи илегално како хирург, извршувајќи тајно операции за двајца не толку квалификувани француски доктори.

Неговиот живот се врти во магичен круг на осамени ноќи во неугледни хотели, премногу алкохол, многу малку пријатели и постојан страв од повторно депортирање. Живеејќи скришно без никакви документи Равик буквално го преживува секој ден без никаква надеж за нормален живот, чекајќи во сенка прилика за одмазда, но и нови страдања во следната војна која на ужас на сите ѕирка веднаш зад аголот. Равик е комплексен, мрачен и ироничен лик, со дозирана смисла за хумор во неочекувани моменти, неоспорен интелект и ранета душа во потрага по мир.

Неговото осамено секојдневие успева да го разниша една неочекувана средба во доцните часови, со изгубена девојка, Јоана, која талка сама по мрачните улици на Париз, се судрува во Радик и тој мал момент на невнимателност засекогаш ги поврзува нивните животи. Изгубениот израз на нејзиното лице и очигледното страдање е доволно за Радик да ѝ помогне на девојката која со текот на времето, на сосема неочекуван, практично бизарен начин станува неговата втора најголема љубов. Шансата за нов живот, за нова љубов го пронаоѓа својот пат во најлошите времиња, но војната има уште едно изненадување за заљубениот пар и Радик е принуден повторно да го преживува својот најголем кошмар.Олајн саем на книгата„Триумфална капија“ ми ја препорача другар со кој можеби не секогаш се согласуваме на сите теми, но на една сигурно сме на иста страна – двајцата цениме добра книга. Мислам дека книгава си го најде својот пат до врвот на мојата листа и е токму од оние кои не избледуваат, туку со текот на времето стануваат сè поомилени дела. Претпоставувам за книгите од овој ранг е најтешко да се напише рецензија земено предвид дека со години ја потврдувале својата големина кај публиката и преминале во безвремени и бесценети. Ремарк создал ремек-дело со длабоки, комплетни и моќни ликови, секој со своите страдања од војната, но со незапирлива желба за живот.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 15 октомври 2013.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар