4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг свет

Ова лето не можете да патувате на другата страна на светот и да истражувате различни култури, да пробате нови вкусови и да запознаете личности со слични интереси од други земји, па време е книгите да ве телепортираат во некој друг свет. Овие 4 книги ќе ве маѓепсаат како да сте биле на другата страна на светот.

1. „Плажа“ (The Beach) – Алекс Гарланд

4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг свет

Според оваа книга е снимен филм во кој глуми Леонардо Ди Каприо, но книгата е секогаш подобар избор од филмот. Ако планирате да патувате во Тајланд или сте фасцинирани од оваа азиска земја, треба да ја прочитате оваа книга затоа што ја опишува утописката социјална заедница лоцирана во оваа природна оаза. Откако ќе ја прoчитате книгата, ќе го ставите Тајланд на вашата листа на патувања.

2. „Околу светот во 50 години: Мојата авантура во секоја држава на Земјата“ (Around the World in 50 Years: My Adventure to Every Country on Earth) – Алберт Подел

4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг свет

Не постои подобра книга од оваа што истовремено ќе ве мотивира да се стремите кон сè што сакате да постигнете во животот и што ќе ве поттикне да се движите низ животот без страв. Ова е книга за упорноста, за решителноста и за способноста, надополнета со хумор. Станува збор за човек кој постигнал две животни цели за кои другите му рекле дека биле недостижни. Прво, тој поставил рекорд во најдолгото патување со автомобил низ целиот свет. За вториот рекорд му биле потребни 47 години, но тој успеал да стане еден од ретките луѓе што ги посетиле сите држави во светот. Преживеал немири, револуции, граѓански војни, разбојници, корумпирани полицајци и многу други работи. Преживеал и напади од крокодили, анаконди, гигантски пијавици и сл.

3. „Шантарам“ (Shantaram) – Грегори Дејвид Робертс

4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг свет

Заљубете се во Индија и во сите нијанси на Мумбај преку оваа книга која ќе ви покаже како изгледа реалниот живот во сиромаштија. Во оваа книга се опишани дружбите со питачи и гангстери, проститутки и светци, како и „туристичкото“ разгледување на народните пазари.

4. „На пат“ (On the Road) – Џек Керуак

4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг свет

Оваа книга е стара околу 50 години, а Џек Керуак, кој тогаш бил алкохоличар, ја опишува американската периферија додека патува во вагони. Тој ја напишал книгата за неколку недели, но кога била објавена, станала хит и манифест на една генерација чие внимание било расцепкано и насочено кон потрагата по слобода.

Прочитајте ги овие неверојатни книги за љубовта која го менува светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар