За бестрашните пиратски срца: Шверцерско кафе со рум

Кафе со двојна доза рум, зачинето со цимет и изрендана кора од портокал

Потребни состојки:
  • 120 милилитри силно црно кафе
  • 2 кафени лажички шеќер (може да се прилагоди по вкус)
  • 30 милилитри златен рум
  • 30 милилитри темен рум
  • ½ кафена лажичка цимет
  • 1 кафена лажичка изрендана кора од портокал
  • Шлаг пена, засладена
  • Темно чоколадо, изрендано
Начин на подготовка:

Во чаша што е отпорна на топлина, сипете го свежо подготвеното црно кафе и додајте му шеќер. Мешајте додека не се растопи. Потоа додајте ги двете дози рум и циметот. Измешајте уште еднаш. Декорирајте со шлаг пена, изрендајте го чоколадото на врвот и просејте ја изренданата кора од портокал.

Сакате и нешто благо што содржи кафе, рум и ванила? Погледнете ги овие тирамису тортички кои нема да ве остават рамнодушни!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар