Уживајте во вкусот на ова силно кафе зачинето со виски

Направете си го петочното кафе со виски

Потребни состојки:
За кафето:
  • 235 милилитри свежо подготвено топло кафе
  • 60 милилитри ликер со вкус на карамела
  • 30 милилитри виски
  • 30 милилитри чоколаден ликер
  • 15 милилитри кампари
За шлаг пената:
  • 120 милилитри шлаг пена
  • 15 милилитри кампари
  • 1 супена лажица шеќер
Начин на подготовка:

Наполнете две мали шолји за кафе со зовриена вода за да ги загреете. Во меѓувреме, додека чекате да се направи кафето (за најдобар вкус користете филтер кафе), во еден мал сад ставете ги сите останати состојки и добро промешајте. Кога кафето ќе биде спремно, истурете ја топлата вода од шолјите. Сипете ја прво мешавината, а врз неа додајте го и кафето. Промешајте повторно.

За да ја направите шлаг пената, матете ги сите состојки со рачен миксер сè додека не добиете густа смеса. Потоа декорирајте ги шолјите.

Имајте убав викенд!

Ви се допадна овој рецепт? Пробајте го и овој совршен коктел со кафе, виски и цимет за добар крај на работната недела!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар