Кафето – диуретик и сојузник при слабеењето

Кога ќе речеме кафе, на повеќето луѓе, првата асоцијација им е будење и топла, вкусна „поддршка“ во форма на шолја топол напиток кој нè исполнува со енергија за да го започнеме новиот ден подготвени и полни со елан да исполниме сè што сме си поставиле како цел.

Кафето - диуретик и сојузник при слабеењето

Дали е кафето само тоа? Што друго му даваме на телото само со една шолја свежо, мелено кафе? Благодарение на антиоксидансите кои се наоѓаат во него, науката го смета кафето за напиток што може да има позитивен ефект врз здравјето на луѓето, додека неколку студии покажале дека љубителите на кафе имаат и помал ризик од развој на одредени болести.

1. Кафето ви ја зголемува енергијата и ве прави попродуктивни

Кофеинот во кафето е оној што ве ослободува од замор и ја зајакнува енергијата веднаш штом ќе испиете шолја домашно свежо мелено кафе. Студиите покажале дека пиењето кафе подобрува одредени функции на мозокот, како што се: меморијата, расположението, будноста, фокусот… Сето тоа нè прави многу попродуктивни.

2. Најдобриот сојузник при слабеење

Дали знаевте дека кофеинот се наоѓа во скоро секој производ за согорувањето масти во телото? Постои голема причина за ова – кофеинот е една од ретките природни супстанции за кои е докажано дека помага во топењето на маснотиите. Подобар ефект се добива при пиење домашно, свежо мелено кафе, а не на кафе со додатоци. Затоа тоа е многу поздрав избор.

3. Моќен диуретик

Познато е дека кафето е еден од најмоќните диуретични напитоци кој го поттикнува метаболизмот и тој работи побрзо, па со тоа да се забрзува и елиминацијата на токсините и вишокот вода во организмот.

4. Ја зголемува физичката издржливост

Кофеинот во свежо меленото кафе го стимулира нервниот систем и го зголемува нивото на адреналин во крвта, што во моментот ве прави многу поиздржливи. Најинтересен е начинот на кој тоа се случува – кофеинот ги разложува масните клетки и ги користи како енергија!

5. Кафето ве прави посреќни

Се поголем број луѓе денес се борат со депресија. Во обид да се испита што може да им помогне на луѓето да се справат со оваа состојба, експертите откриле дека три шолји квалитетно свежо мелено кафе го намалуваат ризикот од депресија за 20%. Исто така, откриле дека е доволно само да помирисате варено кафе и веднаш да ви се подобри расположението.

6. Го продолжува животот

Преку бројни истражувања, научниците откриле дека љубителите на кафе кои пијат најмалку две шолји од овој пијалак секојдневно, имаат помала веројатност да развијат многу болести, како дијабетес или болести црниот дроб и мозокот. Затоа, тие логично заклучиле – пиењето црно кафе може да ви го продолжи животот.

Кога сето ова ќе го додадете на феноменалниот вкус кој речиси сите го обожуваме, дали ви треба дополнителна причина да го ставите ѓезвето веднаш на рингла?

Можеби сакате да дознаете и 27-те неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар