Кафе со кокос, јавор, шлаг пена и сланина – совршено за оние што се на кето диета!

Едноставен рецепт за сите оние што ја следат кетогената диета

Потребни состојки:
За кафето:
  • 2 супени лажици органски путер
  • 1 супена лажица кокосово масло
  • 1 кафена лажичка екстракт од јавор
  • 230 милилитри свежо подготвено топло кафе
  • Засладувач (по желба)
За шлаг пената:
  • 60 грама слатка павлака
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • Засладувач (по желба)
  • 1 лента сланина
Начин на подготовка:

Спржете ја тенко исечканата лента сланина и тргнете ја настрана. Ставете ги сите состојки за кафето во блендер и матете на голема брзина. За да ја направите шлаг пената, ставете ги сите состојки за неа, освен сланината, во голем сад и матете со рачен миксер.

Сипете го кафето во шолја, нанесете ја шлаг пената врз него и на крај декорирајте со претходно исечканата сланина на мали коцки. Добар апетит!

Прочитајте ги и овие неколку причини зошто сланината е храна од соништата!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар