Австралиско ледено кафе

Ледено кафе, засладено со јаворов сируп, во комбинација со сладолед

Австралиско ледено кафе

Потребни состојки:
  • 2 мали топки сладолед
  • 185 милилитри свежо подготвено филтер кафе
  • Јаворов сируп, по вкус
  • Млеко
  • Шлаг пена
  • Чоколадни трошки
Начин на подготовка:

Поставете го сладоледот во висока чаша и врз него сипете го кафето. Додадете јаворов сируп, по вкус, и потоа турете и многу малку млеко. Завршете со шлаг пена и чоколадни трошки. Сервирајте со лажица и сламка.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар