Животинско кралство (Animal Kingdom)

Животинско кралство (Animal Kingdom)

Филм за работите кои немаме право да ги избираме, како што е семејството и што кога тоа ќе се сврти против нас

Животинско кралство (Animal Kingdom)Режија: Дејвид Мишо

Играат: Бен Менделсон, Гај Пирс, Џејмс Френчвил, Џеки Вивер

Времетраење: 113 минути

Јазик: англиски

Премиера: 3 јуни 2010

Жанр: трилер, драма

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 7,44 од 10)
Loading...

————————————————————————————————————————————————–
Нема милост за тебе ако си дел од лавовското стадо. Доколку и наштетиш на групата, па и ако си мал лав, таа ќе се сврти против тебе. Биди сигурен во тоа. Ти останува само да се браниш. Дали ќе бидеш изеден или ќе излезеш само со гребнатини, ќе покаже твојата игра. Можеби ви изгледа дека оваа рецензија е наменета за документарен филм од програмата на Animal Planet, но грешка сте. Токму на овие сурови животински принципи функционира и семејството Коди кое е предмет на вивисексција во австралискиот трилер „Животинско кралство”. Сурово, да. Но за да преживееш, ти останува само да се соочиш.
—————————————————————————————————————————————————

Приказна: Џошуа Коди (Џејмс Френчвил) е тинејџер чија мајка умира од предозирање со хероин. Прва сцена: тој и мајка му седат пред телевизорот, а на екранот „тече“ некој австралиски квиз. Мислиш сè е во ред, обичен ден во семејството. Но сликата на мир се крши кога влегуваат болничарите и тогаш сфаќаме дека жената е всушност мртва. Нема плач, нема емоци, сè е толку рамно, тивко, линеарно што просто боли. Оставен сам на себе, Џошуа одлучува да исконтактира со семејството на мајка си од кого таа го чувала понастрана целиот нејзин живот. Тогаш почнува неговата приказна во семејството Коди.

На чело со чопорот е бабата на Џошуа, Џенин (Џеки Вивер) која под свое крило ги има тројцата браќа: Ендрју, кој е ограбувач, Дарен, кој, пак, е на почеток на својата ограбувачка кариера и Крег, дилер со дрога. Џенин се чини дека е вљубена во своите момци, некако инцестуозно. Не оди до крајност, но некако секоја сцена меѓу неа и нејзините синови по малку ве наежува. Во семејството Коди се шмрка кокаин на маса, се чистат пиштоли со кујнската крпа, а Џошуа е новодојденецот кој треба да стане дел од стадото. Сè тргнува во погрешен правец (ако и некогаш било на вистинскиот) откако најдобриот пријател и соработник на Ендрју, Бери (Џоел Едгертон) кој практично е дел од семејството, ќе биде застрелен од полицијата. Тоа повлекува серија луди одмазднички акции кои прават турбулентни промени во семејството Коди.Животинско кралство (Animal Kingdom)„Животинско кралство“ е свеж филм во повеќе аспекти. Станува збор за режисерско деби на Дејвид Мишо кој досега, пред сè, пишувал сценарија. Актерите, пак, не се толку експонирани освен можеби Гај Пирс („Мементо”, „Говорот на кралот”, „Л.А. Доверливо”). Сепак, и покрај тие ризици, станува збор за одлично обликувано кинематографско парче. Забележлива е изведбата на Џеки Вивер која е номинирана за најдобра споредна улога на претстојниот Оскар. Таа портретира „лавица“ која се чини дека е нежна и грижлива, но нејзиниот поглед кажува дека би ги забила своите канџи во секого, па дури и во својот внук, само за да ги зачува синовите. Нејзината прегратка е нежна, нејзиниот збор е утешителен што те прави за момент да се почуствуваш сигурен, дури и кога ти е тешко да се свртиш кон неа. Но, острата канџа доаѓа одзади. Животинско кралство (Animal Kingdom) Кинематографија: Начинот на кој „Животинско кралство” е снимен и музиката во позадина создава илузија на константен притисок, неизвесност… не знаеш што следува, но треба да се пазиш. Атмосфера на непредвидливост, како да си младенче кое пие вода во саваната и сосема можно е некој посилен од никаде да се нафрли врз тебе. Сепак, драматични (хорор) пресврти не се дел од овој филм. Повеќе или помалку, сè е некако мирно, па дури понекогаш и реакциите на големите настани (како смрт) се толку благи, што е надвор од што било, што може да се нарече нормално. Станува јасно дека ова е приказна за група (поголеми или помали) социопати. Па, не може да се очекува нормалност.Животинско кралство (Animal Kingdom)Кога и како да го гледате: „Животинско кралство” е вечерен филм, всушност секој филм за дрога и оружје е вечерен. Ова не е релаксиран филм, па не го пуштајте кога сакате да се олабавите по напорниот ден и  да му дадете на мозокот „филмска оаза“. Имајте предвид дека е пропратен со одредена тензија. Инаку, не дека некоја сцена е толку сурова што ќе ве извади од памет, сме виделе и повеќе. Поради присуството на оружје и дрога, подобро е „Животинско кралство” да не го гледаат деца.Животинско кралство (Animal Kingdom)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар