ТВ серија: Вратените (The Returned)

ТВ серија: Вратените (The Returned)

Во едно мало гратче почнуваат да се враќаат луѓе за кои 4 години се претпоставувало дека се мртви…

ТВ серија: Вратените (The Returned)Главни улоги: Индија Ененга, Мери Елизабет Винстед, Мет Ваиро

Жанр: драма, хорор

Креатори: Карлтон Кјус

Премиера: 9 март 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 9,50 од 10)
Loading...

Приказната започнува со несреќа во која еден училишен автобус, чиј шофер обидувајќи се да избегне да удри дете, ќе излета од планинскиот пат во длабока провалија. Разбирливо, по овој настан сите од автобусот ќе се сметаат за мртви. Но, приказната продолжува 4 години подоцна, кога едно од девојчињата во автобусот ќе се разбуди во планината и ќе се врати дома. Нејзините родители ќе бидат шокирани кога ќе забележат дека таа е тука, покрај нив, однесувајќи се како ништо да не се случило. Но, она што е најинтересно е тоа дека таа не остарела ниту еден ден.

(2) ТВ серија: Вратените (The Returned) (3) ТВ серија: Вратените (The Returned)

Како што поминува времето, така еден по еден ќе почнат сите од тој автобус да се враќаат назад кај своите семејства. Откако ќе откријат што се случило, ќе се обидуваат да живеат нормален живот, но работите нема да бидат толку едноставни. Како што тие ќе се враќаат назад, така во градот ќе почнат и да се случуваат мистериозни и морбидни убиства. Меѓу вратените исто така ќе се појави и момчето кое беше виновно за излетувањето на автобусот од патот. Но, тој е многу повеќе од едноставно момче кое бара помош… Не можеме со сигурност да кажеме дека сите тие се мртви, но исто така не можеме ни да кажеме дека се живи. Дури и покрај тоа што нивните најблиски можат да ги допрат, како и да разговараат со нив.

(4) ТВ серија: Вратените (The Returned) (5) ТВ серија: Вратените (The Returned)

Ретко можеме да налетаме на добра и интересна хорор ТВ приказна која може подолго време да ни го задржи вниманието. И покрај тоа што некои делови на оваа приказна се проѕирни и можат лесно однапред да се претпостават, сепак текот на настаните со сигурност ќе ви го привлече вниманието. Доколку сте лесно плашливи, погрижете се да не ја гледате сами оваа ТВ серија, бидејќи има навистина застрашувачки моменти кои не се за оние со „слабо срце“. Од друга страна пак, љубителите на хоророт ќе бидат и повеќе од задоволни.

(6) ТВ серија: Вратените (The Returned) (7) ТВ серија: Вратените (The Returned)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар