ТВ серија: Водолија (Aquarius)

ТВ серија: Водолија (Aquarius)

Полициска драма од 60-тите која го следи животот на озлогласениот Чарлс Менсон пред убиствата

ТВ серија: Водолија (Aquarius)Главни улоги: Дејвид Дуковни, Гетин Антони, Ема Дјумонт

Жанр: криминал, драма

Креатор: Џон Мекнемара

Премиера: 28 мај 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 9,67 од 10)
Loading...

Приказната започнува во 1967 година во Лос Анџелес. Оваа ТВ серија е инспирирана од вистински личности и настани, но тие не се вклучени во неа. Сите ликови и настани кои можеме да ги видиме на малите екрани се измислени, но со оглед на фактот дека станува збор за еден многу темен настан во историјата, таа брзо се вивна во популарноста. И секако, веднаш можете да претпоставите дека ќе станува збор за добра ТВ серија бидејќи главната улога му припаѓа токму на Дејвид Дуковни. Тој ни го претставува Сем Ходијак, фиктивен детектив од Лос Анџелес кој истражува случај на исчезната тинејџерка. Барајќи ја, ќе го открие Чарлс Менсон и неговата мала фамилија, група хипици кои го следат во секој чекор.

(2) ТВ серија: Водолија (Aquarius) (3) ТВ серија: Водолија (Aquarius)

Чарлс Менсон е харизматичен маж кој едноставно знае како да зборува со луѓето. Токму затоа и никој не се сомнева дека тој има големи планови за оваа мала фамилија, кои подоцна ќе доведат до едни од најозлогласените убиства на генерацијата. Тоа е и една од причините зошто тој собира ранливи млади момци и девојки кои му се придржуваат во неговата цел, притоа перејќи им ги мозоците и правејќи ги да сакаат да направат сè за него. Дури и ако тоа вклучува одземање нечиј живот. За да дознае што точно се случува во оваа фамилија, Ходијак ќе се здружи со млад детектив чија задача ќе биде да се инфилтрира во овој култ и да открие нешто повеќе за нивниот живот. Но, тие ќе мора да научат како да размислуваат како овие девојки и момци со цел да избегнат да бидат откриени, а тоа не е нешто што може лесно да биде изведено…

(4) ТВ серија: Водолија (Aquarius) (5) ТВ серија: Водолија (Aquarius)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар