ТВ серија: Ван Хелсинг (Van Helsing)

Безвремената приказна за вампири добива сосема нов и освежен тек на настани

(1) ТВ серија: Ван Хелсинг (Van Helsing)Главни улоги: Кели Овертон, Џонатан Скарф, Рукија Бернард

Жанр: акција, драма, фантазија

Креатор: Нил Лабут

Премиера: 23 септември 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 5.50 од 10)

Loading...

Кој вели дека животот повеќе не може да ве изненади? Новата адаптација на старата приказна за Ван Хелсинг нè носи во блиска иднина, во постапокалиптична планета Земја, каде што нештата се многу поразлични од тоа што досега сме биле навикнати да го гледаме во овој жанр. Дејството се случува во 2019 година, 3 години по експлозијата на Јелоустоун, при што поголемиот дел од западниот брег на Америка, а можеби дури и целиот свет, е целосно прекриен со пепел што го блокира сонцето. Фактот што нема природна светлина поттикнало цела нација вампири што се криеле досега под земјата, далеку од будното око на човекот, повторно да чекорат на површината на планетата – пиејќи крв по желба и претворајќи ги луѓето во сонародници.

(2) ТВ серија: Ван Хелсинг (Van Helsing) (3) ТВ серија: Ван Хелсинг (Van Helsing)

Главната улога ѝ припаѓа на Кели Овертон, која ја запознаваме како Ванеса Ван Хелсинг – лик што е роднински поврзан со најлошиот непријател на Грофот Дракула, Абрахам Ван Хелсинг. По апокалипсата, таа повеќето од времето поминува во терор, но ќе се „разбуди“ откако ќе се соочи со еден вампир. Сега засега таа е голема и интересна енигма, особено за себеси, иако уште во вториот дел од премиерата откриваме како всушност дошла до тоа што е. Имајќи го ова на ум, не треба да ве чуди дека нејзините моќи вклучуваат способност да го сопрат и вратат наназад процесот на повампирување. Само една капка крв може да ги врати чудовиштата во луѓе. Но, во неа нема да пронајдете несебичен спасител. Нејзината единствена цел е да ја пронајде својата изгубена ќерка…

(4) ТВ серија: Ван Хелсинг (Van Helsing) (5) ТВ серија: Ван Хелсинг (Van Helsing)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар