ТВ серија: Што ако (What if)

ТВ серија: Што ако (What if)

Млад брачен пар, западнат во долгови, ќе прифатат необична понуда од инвеститор

Главни улоги: Џејн Ливај, Блејк Џенер, Кит Пауерс, Рене Зелвегер

Жанр: трилер

Креатор: Мајк Кели

Премиера: 24 мај 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 8,00 од 10)
Loading...

 

Ако сте расположени за мистериозен трилер што ќе ве одведе на луд емоционален ролеркостер, тогаш оваа ТВ серија е одлична за вас! Рене Зелвегер ја толкува улогата на Ен Монтгомери, моќна и богата бизнисменка и инвеститорка која е позната по своето безмилосно владеење. Токму затоа и Лиса Донован ќе се изненади кога ќе дознае дека неверојатната Ен сака да инвестира во нејзиниот мал бизнис кој е на работ на пропаѓање. Но, како што кажавме, Ен е безмилосна, па нејзината понуда воопшто нема да биде лесна или едноставна.

За да го добие потребното финансирање и лансирање на својата компанија, Ен ќе ѝ ги понуди на Лиса потребните финансии само ако нејзиниот сопруг, Шон Донован, помине една вечер со неа. Тој треба да потпише договор дека по завршувањето на вечерта, никогаш нема да открие што се случило тогаш. А ако открие, Лиса го губи правото на компанијата. Па, што мислите? Што ќе одлучат тие? И како нивната одлука ќе влијае на останатиот дел од нивниот заеднички живот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар