ТВ серија: Ретроспектива (Hindsight)

ТВ серија: Ретроспектива (Hindsight)

Доколку се вратите назад во минатото и имате можност да смените една работа, дали би постапиле на поинаков начин?

ТВ серија: Ретроспектива (Hindsight)Главни улоги: Лора Ремзи, Сара Голдберг, Крег Хорнер, Џон Патрик Амедори


Жанр: драма

Креатор: Емили Фокс

Премиера: 7 јануари 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 7,00 од 10)
Loading...

Приказната започнува ден пред свадбата на Бека, која е во своите доцни 30-ти години. Таа позади себе има еден пропаднат брак, низа неуспеси на професионален план и голема караница со најдобрата пријателка поради која не зборуваат веќе 10 години. Токму затоа почнува да размислува за својот живот и за сите оние нешта кои би можеле да тргнат во друга насока доколку таа донела малку поразлични одлуки. Ова размислување ја води на свеж воздух, на мала прошетка низ градот, но потоа ќе се случи нешто неверојатно, нешто што целосно ќе го промени нејзиниот живот.

ТВ серија: Ретроспектива (Hindsight) ТВ серија: Ретроспектива (Hindsight)

Бека наредното утро се буди во својот кревет, но веднаш забележува дека работите не се онакви какви што треба да бидат. Нешто не е во ред. На момент таа помислува дека има живописен сон, но сите околу неа ја убедуваат дека е малку нервозна поради свадбата и дека откако ќе почне да се подготвува сè ќе се среди. Но, зарем е можно таа да си легнала да спие со помислата дека ќе се венча со Енди, а да се разбуди на денот кога треба да стапи во брак со Шон? Како што поминува времето, така таа сфаќа дека повеќе не е во 2015 година, туку дека се вратила назад во 1995.

ТВ серија: Ретроспектива (Hindsight) ТВ серија: Ретроспектива (Hindsight)

Не за џабе велат да се внимава со посакувањата, бидејќи некогаш тие навистина можат да се остварат. Бека почнува да сфаќа дека добила втора шанса. Добила можност да го изгради животот онака како што таа сака, да ги спречи сите грешки што ги направила и да ги задржи најблиските покрај себе. Таа го гледа својот живот од нова перспектива, ги знае сите работи однапред, уште пред да се случат, но колку ќе може да одолее да не ги направи повторно истите грешки?

Дајте ѝ шанса на оваа интересна драма која на еден сосема необичен начин ќе ви даде одговор на вечните „што ако“ прашања, но и ќе ве потсети дека не само добрите избори, туку и најлошите грешки ви помогнале да бидете онаа личност која сте денес…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар