ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

Како се распаднал светот каков што го знаеме денес по појавата на првите „мртви“?

(1) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)Главни улоги: Мерцедес Мејсон, Рубен Блејдс, Ким Дикенс

Жанр: драма, хорор

Креатор: Роберт Киркман, Дејв Ериксон

Премиера: 23 август 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

Доколку сте фанови на одличната драма „The Walking Dead“, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и оваа нова ТВ серија во која ќе имаме можност да ги видиме чекор по чекор, сите стадиуми на распаѓање на човештвото какво што го знаеме денес. Станува збор за светот пред оној кој ни е претставен во „The Walking Dead“, односно во првите моменти кога се појавуваат „мртвите“ кои полека се здобиваат со своето место на врвот на синџирот за исхрана. Ние сè уште немаме можност да откриеме како сè почнало, но барем ќе дознаеме како луѓето се трансформирале во она светло во кое веќе добро ги знаеме откако мртвите ќе завладеат.

(2) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

Приказната се одвива во Лос Анџелес, каде што веднаш гледаме две споени семејства кои изгледа како да имаат многу потешкотии. Тие секојдневно се борат со нивните проблеми, сè уште несвесни за она што почнало да се случува ширум светот. И покрај тоа што насекаде има знаци за „инвазијата на мртвите“, луѓето се претерано окупирани со нивните секојдневни животи, па затоа и воопшто не обрнуваат внимание на знаците за опасност. Но, тоа брзо ќе почне да се менува откако лично ќе почнат да се соочуваат со овие суштества. Во овој момент тие сè уште веруваат дека нивните блиски се некаде длабоко скриени, потиснати од чудовиштата кои преземаат контрола врз нивното тело, па токму затоа и се враќа тешката тензија кон нив која можеше силно да се почувствува во првите сезони од „The Walking Dead“.

(3) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead) (4) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

Единствената забелешка која ја имаме за оваа ТВ серија (иако досега има само 1 епизода излезено) е што изборот на актери делува многу послаб од оној во другата. Тие изгледаат малку хаотично, како да не се снаоѓаат добро во кожата на својот лик, па токму затоа и потешко може да се сочувствува со оние нешта кои им се случуваат. Можеби сè уште е рано да се критикува за нивната глума, па токму затоа и ќе почекаме до крајот на сезоната за овој заклучок. Што се однесува до самата приказна, таа се одвива на истиот начин како и кај „The Walking Dead“. Сцените се одвиваат бавно, но бидејќи се детално изработени во ниту еден момент нема да ви биде здодевно. Со други зборови, дефинитивно ви препорачуваме да ја гледате.

(5) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар