ТВ серија: Патрик Мелроуз (Patrick Melrose)

Базирано на романите за Патрик Мелроуз од Едвард Сент Обин

Главни улоги: Бенедикт Камбербач, Џенифер Џејсон Леи, Себастијан Малтс

Жанр: драма

Креатор: Дејвид Николс

Премиера: 13 мај 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 10 (1 гласа, просек: 10.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Дејството се врти околу турбулентниот живот на Патрик Мелроуз (Бенедикт Камбербач). Тој е средновековен маж, што живее од ден за ден, обидувајќи се да разбере која зависност ќе му помогне да се справи подобро со животот. Дрогата, цигарите и алкохолот се само дел од техниките за справување што секојдневно ги користи. Но, со оглед на тоа какво било неговото детство, овој животен стил воопшто не треба да ве изненадува. Неговиот татко ги злоупотребувал сите луѓе околу себе, а неговата мајка бегала од животот со помош на сите можни пороци.

Уште во првите неколку минути ќе дојдете до истиот заклучок како и ние – Камбербач е роден за оваа улога! Всушност, слободно можеме да кажеме дека не постои улога што овој актер не би можел да ја одигра до совршенство. Започнувајќи од Шерлок Холмс, па сè до Доктор Стрејнџ, тој е едноставно брилијантен. Но, овој пат, се надминува себеси. Тој покажува неверојатен спектар на емоции, нешто што со сигурност би можеле да го видиме и во реалноста кај личност што се обидува да се справи со своето пеколно детство и да се одвои себеси од каква била човечка интимност.

И покрај тоа што секоја епизода има своја тема, заедно тие се како прекрасна симфонија што предизвикува неизмерно задоволство кај својата публика. На кратко, оваа ТВ серија е еден од најдобрите избори за гледање во моментов. Од глумењето, пишувањето, режисерството, па дури и самото снимање, ништо друго во моментов не го достигнува нејзиниот квалитет. Ретко имаме можност да сведочиме на вакво дело, па затоа и дефинитивно не смееме да го пропуштиме кога ќе се случи!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар