ТВ серија: Осудена на живот (Life Sentence)

ТВ серија: Осудена на живот (Life Sentence)

Кога Стела открива дека нејзиниот терминален рак е излечен, таа мора да научи како да живее со сите одлуки што ги донела кога мислела дека ќе умре

(1) tv-serija-osudena-na-zhivot-life-sentence-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Луси Хејл, Елиот Најт, Џејсон Блер, Брук Лајонс, Џилијан Вигмен, Дилан Волш

Креатори: Ерин Кардило, Ричард Кит

Жанр: комедија, драма

Премиера: 07 март 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 8,50 од 10)
Loading...

 

Стела Абот (Луси Хејл) има рак. И бидејќи не може однапред да знае кој ден ќе ѝ биде последен, таа сите денови ги живее на тој начин. Исто така има и голема поддршка од нејзиното семејство, кои секојдневно се грижат за нејзината среќа. Нејзиниот брат, Ејдн (Џејсон Блер), ја охрабрува да проба сè. Нејзината сестра, Елизабет (Брук Лајонс), никогаш не ѝ дозволува да пропушти забава. А нејзините родители, ја поттикнуваат да се бори против стравот, за смртта да ѝ изгледа како следната голема авантура на листата. Таа исто така наоѓа и вистинска љубов. По завршувањето на хемотерапијата, Стела тргнува во Париз – градот на љубовта, каде што се запознава со совршеното момче за неа, Вес (Елиот Најт). Тие се венчаат и си ветуваат дека ќе се чуваат до крајот на нејзиниот живот, односно во следните 6 до 8 месеци. И тогаш нештата тргнуваат наопаку.

(4) tv-serija-osudena-na-zhivot-life-sentence-www.kafepauza.mk

Стела Абот е целосно излечена. Таа повеќе не умира. И во истиот момент кога ќе им ја соопшти веста на најблиските, таа сфаќа дека нештата не биле совршени. Нејзините родители имаат проблеми, сестра ѝ е заглавена на ужасна работа, брат ѝ се однесува како уште да е дете, а Вес… тој пак, воопшто не е личноста што Стела ја знае. Сите тие ги криеле лошите страни од нивните животи, како и нивните вистински желби и потреба, за да ја одржуваат нејзината среќа на највисоко ниво бидејќи докторите им кажале дека така има најмногу шанси да го победи ракот. Но, бидејќи сега е здрава, сите проблеми излегуваат на површина, па Стела мора одново да ги запознае своите најблиски. И не само тоа, туку таа мора да научи и како да живее во вистинскиот свет – оној што е полн со предизвици, препреки и разочарувања. Стела е осудена на живот!

(2) tv-serija-osudena-na-zhivot-life-sentence-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар