ТВ серија: Ноќни летачи (Nightflyers)

ТВ серија: Ноќни летачи (Nightflyers)

Група научници тргнуваат во вселенска мисија да пронајдат мистериозен вонземјански брод

Главни улоги: Ион Макен, Дејвид Ајала, Џоуди Турнер-Смит

Жанр: хорор, научна фантастика

Креатор: Џеф Булер

Премиера: 2 декември 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Базирана на романот на Џорџ Р. Р. Мартин, серијата кратки приказни и истоимениот филм од 1987 година, оваа нова ТВ серија ги комбинира елементите на научната фантастиката и хоророт, носејќи ни нова приказна на малите екрани што без сомнение ќе ги воодушеви љубителите на овие жанрови. Серијата е од каналот SyFy, но целата сезона е веќе излезена и набрзо ќе биде достапна и на Нетфликс, давајќи ни можност да ги изгледаме сите епизоди во само еден здив за максимално уживање.

Дејството се случува во 2093 година, на ѕвездениот брод Ноќен летач (Nightflyer), кој го напушта Сончевиот систем за да направи прв контакт со вонземјани. Ѕвездениот брод заедно со својот екипаж се движи со надеж дека овие суштества ќе ни даруваат знаење што би можело да го спаси нашиот вид, откако ние луѓето скоро целосно сме си ја уништиле планетата. Луѓето не знаат какви се овие вонземјани и кои се нивните намери, но со оглед на тоа дека немаат друг избор, едноставно мора да ризикуваат и да се сретнат со нив.

Првата епизода започнува со поглед кон иднината, откривајќи ни страшен инцидент што се случува на самиот брод, инстантно запечатувајќи ги судбините на два од главните лика на бродот. Токму ова и ќе ве натера будно да ја следите целата приказна за да откриете како нештата избегале толку од контрола. На кратко, ако сте расположени за вселенска хорор мистерија, тогаш топло ви ја препорачувам оваа ТВ серија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар