ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)

ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)

Ноќен менаџер од хотел во Каиро се инфилтрира во потесен круг на дилери со оружје

(1) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)Главни улоги: Том Хидлстон, Оливија Колман, Хју Лаури

Жанр: драма, криминал, мистерија

Креатор: Џон ле Каре

Премиера: 5 јуни 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 9,25 од 10)
Loading...

Основите на оваа шпионска приказна ни се сосема познати: Скршен и мистериозен оперативец тргнува во тајна мисија покрај многу лоши луѓе кои живеат луксузни животи поради кои имаат доволно слободно време за нелегални активности. „Ноќен менаџер“ е адаптирана од книга со истото име, чиј автор е Џон ле Каре, кој пак е познат по своите шпионски драми. Со оглед на тоа што оваа мини ТВ серија има само 6 епизоди и целата приказна е раширена низ 6 часа, можете да ја доживеете многу подобро и појасно од стандардните филмови чие дејство е спакувано во не повеќе од 2 часа.

(2) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager) (3) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)

Од друга страна пак, нема да можете да одолеете на шармот на одбраните актери, предводени од Том Хидлстон, Оливија Колман и Хју Лаури. Овие таленти се толку разнолики и соодветно избрани за своите улоги, што целосно ќе се изгубите во нивниот перформанс. Хидлстон во моментов има најголема популарност, со својата улога како Локи, но тајната на успехот на оваа приказна е токму поради феноменалниот перформанс на Лаури. Одамна не сме имале можност да ја видиме поранешната ѕвезда на ТВ серијата „Д-р Хаус“ на малите екрани, но сега тој без сомнение се враќа во полн сјај.

(4) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager) (5) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)

Да се вратиме на самата приказна. Без да ви откриваме многу, со цел да не ви го нарушиме уживањето во оваа ТВ серија, ќе ви кажеме само дека станува збор за инфилтрирање на еден ноќен менаџер од хотел во Каиро во внатрешниот круг на дилери со оружја. Џонатан Пајн (Том Хидлстон) можеби ја започнува оваа приказна како ноќен менаџер, но многу брзо станува нешто повеќе. Благодарение на своето поранешно искуство со војската, како и способноста да остане мирен во стресни ситуации, тој ќе успее брзо да се адаптира на свет во кој не би можел секој да преживее…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар