ТВ серија: Нејви: Њу Орлеанс (NCIS: New Orleans)

Тим од агенти во Кресент Сити истражува убиства поврзани со морнарицата

ТВ серија: Нејви Њу Орлеанс (NCIS: New Orleans)Главни улоги: Скот Бекјула, Лукас Блек, Зои Меклилан

Жанр: криминал, драма

Креатор: Гери Гласберг

Премиера: 23 септември 2014

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 9.50 од 10)

Loading...

Ако сте љубител на ТВ сериите „NCIS“ и „NCIS Los Angeles“, тогаш со сигурност ќе ви се допадне и оваа верзија која е базирана во Кресент Сити. Исто како и во другите две ТВ серии, така и во оваа тимот се состои од ликови кои едноставно не можете да не ги засакате. Изборот на актерите е одличен, а приказната го следи добро познатиот ритам на Нејви.

ТВ серија: Нејви Њу Орлеанс (NCIS: New Orleans) ТВ серија: Нејви Њу Орлеанс (NCIS: New Orleans)

Клучот за успехот на овие ТВ серии се крие во фактот што тимовите се многу повеќе од само соработници – тие се една голема фамилија. Тоа веднаш ќе го забележите и во оваа ТВ серија и токму затоа веруваме дека и таа ќе биде исто толку успешна како и претходните две. Двејн Прајд (Скот Бекјула) води нов тим на агенти и начинот на кој тој се однесува со своите луѓе ќе ве потсети на добро познатите Гибс (Марк Хармон) и Хети (Линда Хант). Но, за работите да бидат малку поинтересни, тој користи малку постари методи на истражување.

ТВ серија: Нејви Њу Орлеанс (NCIS: New Orleans) ТВ серија: Нејви Њу Орлеанс (NCIS: New Orleans)

Во првата епизода може да се забележи дека на некој начин Двејн живее во својата канцеларија и можеби затоа им служи појадок на своите соработници, па дури и ги забавува. Тие веднаш добиваат нов член на тимот, агентката Броуди (Зои Меклилан), која брзо ќе почне да сфаќа дека станува дел од блиска фамилија и со цел да биде подобро прифатена ги учи нивните добри и лоши страни. Но, тоа не е единствената промена со која таа се соочува. Животот во Њу Орлеанс е многу поразличен од она на што таа е навикната, па како што таа ќе се прилагодува, така и вие покрај неа ќе се прилагодувате на овој град.

ТВ серија: Нејви Њу Орлеанс (NCIS: New Orleans) ТВ серија: Нејви Њу Орлеанс (NCIS: New Orleans)

Претходно веќе имавме можност да видиме дел од тимот на „Нејви: Њу Орлеанс“ во 2 епизоди од 11-тата сезона на „Нејви“. Приказната за нив која ни е претставена таму е доволна за да почнете да ја гледате и оваа ТВ серија. Ако сте расположени за нов начин на истражување убиства поврзани со морнарицата, тогаш дефинитивно треба да ѝ дадете шанса и на оваа ТВ серија.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар