ТВ серија: Младиот Шелдон (Young Sheldon)

ТВ серија: Младиот Шелдон (Young Sheldon)

Раното детство на генијот Шелдон Купер

(1) tv-serija-mladiot-sheldon-young-sheldon-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Ијан Армитаџ, Зои Пери, Реган Реворд, Ланс Барбер, Монтана Џордан

Жанр: комедија

Креатор: Чак Лор и Стивен Моларо

Премиера: 25 септември 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (11 гласа, просек: 8,55 од 10)
Loading...

 

Ако сте љубители на ТВ серијата „Теоријата за Големиот прскот“ (The Big Bang Theory), тогаш без сомнение ќе бидете воодушевени од приказната за раното детство на добро познатиот физичар, Шелдон Купер. Ијан Армитаџ, момчето што ја толкува улогата на младиот Шелдон, со еден збор е – неверојатно! Тој толку добро го отсликува карактерот на Џим Парсонс, што би помислиле дека самиот глумец отпатувал во минатото, се зел себеси, и се довел во сегашноста за да ја сними оваа серија. Талентираното момче ја доловува сржта на Шелдон, покажувајќи ни нова, но сепак позната страна на ексцентричниот карактер кој цела декада ги забавува љубителите на комедијата и науката.

Покрај Ијан Армитаџ, мора да го пофалам и перформансот на мајката на Шелдон, Мери (Зои Пери), како и на неговата сестра близначка, Миси (Реган Реворд). Мери исто така е копија на својата постара верзија играна од страна на Лаури Меткалф, особено во акцентот. Ако ги затворите очите и ги слушате двете како разговараат, сигурни сме дека ќе ви звучи како една личност! Од друга страна пак, досетките и шегите на Миси, во најнеочекуваните моменти, ќе ви донесат насмевка дури и кога ќе бидете изнервирани од несоодветното однесување на Шелдон (на кое сите ние сме добро навикнати).

(5) tv-serija-mladiot-sheldon-young-sheldon-www.kafepauza.mk (4) tv-serija-mladiot-sheldon-young-sheldon-www.kafepauza.mk

Иако во моментов е достапна само една епизода, сепак нема да бидете разочарани. Дејството во серијата тече по истиот тек како и она во неговата „постара сестра“, па можете и 100 пати да ја изгледате без да ви биде здодевно, смеејќи се како и првиот пат на истите шеги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар