ТВ серија: Ловци на сенки: Смртните Инструменти (Shadowhunters: The Mortal Instruments)

ТВ серија: Ловци на сенки: Смртните Инструменти (Shadowhunters: The Mortal Instruments)

ТВ адаптација на „Хрониките на ловците на сенки“, серија книги напишани од Касандра Клер

ТВ серија: Ловци на сенки: Смртните Инструменти (Shadowhunters: The Mortal Instruments)Главни улоги: Катерин МекНамара, Доминик Шервуд, Алберто Росенде

Жанр: акција, драма, фантазија

Креатор: Ед Дектер

Премиера: 12 јануари 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (15 гласа, просек: 7,73 од 10)
Loading...

Ако сте имале можност да го гледате филмот „The Mortal Instruments: City of Bones“ од 2013 година, кој исто така е филмска адаптација на книгите од Касандра Клер, тогаш добро знаете што ве очекува во оваа ТВ серија. Приказната започнува на истиот начин како и во филмот, држејќи се цврсто до оригиналниот тек на настаните, но дејствата се одвиваат многу побрзо, овозможувајќи ни за кратко време да откриеме што се случува понатаму.

(1) ТВ серија: Ловци на сенки: Смртните Инструменти (Shadowhunters: The Mortal Instruments) (2) ТВ серија: Ловци на сенки: Смртните Инструменти (Shadowhunters: The Mortal Instruments)

Во случај да не ви е позната оваа приказна, на кратко, се работи за мистериозен свет скриен од очите на луѓето. Свет во кој едноставно ништо не е невозможно. Сè што сте мислеле дека е дел од бајките за деца, како магиите, мистичните суштества и натприродните моќи, во оваа приказна постои – а ловците на сенки имаат за задача да ги одржат овие тајни скриени од јавноста, со цел луѓето, смртниците, да можат мирно да го живеат својот живот.

ТВ серија: Ловци на сенки: Смртните Инструменти (Shadowhunters: The Mortal Instruments) (4) ТВ серија: Ловци на сенки: Смртните Инструменти (Shadowhunters: The Mortal Instruments)

Ако сте расположени за свет во кој сè е можно, од вештерки до вампири и демони, тогаш оваа ТВ серија е како измислена за вас. Моментално се достапни само неколку епизоди, но со оглед на тоа што излегуваат неделно на Нетфликс, можете лесно редовно да ги следите. Што се однесува до тимот актери, тие се одлично избрани така што соодветно одговараат на своите улоги, но останува да видиме дали приказната ќе ја задржи првичната моќ и во понатамошните епизоди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар