ТВ серија: Изопачено (Twisted)

ТВ серија: Изопачено (Twisted)

Мистериозно убиство на 11-годишна возраст и враќање во истата средина 5 години подоцна

ТВ серија: Изопачено (Twisted)Главни улоги: Аван Џогија, Кимберли Квин, Денис Ричардс, Меди Хасон, Кајли Банбари

Жанр: тинејџерска мистерија, трилер

Креатор: Адам Милч

Премиера: 11 јуни 2013

Број на сезони: 1

Времетраење: 40 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (16 гласа, просек: 9,25 од 10)
Loading...

„Twisted“ е нова американска тин-драма која се емитува на каналот ABC Family во вторник. Жанровски се работи за комбинација од мистерија и трилер, а многу потсетува на „Pretty Little Liars“, заради напнатоста како резултат на непознатото, размислувањата и акциите кои ги преземаат протагонистите, а не заради сличност во приказната.ТВ серија: Изопачено (Twisted) Дени е харизматично момче на 16-годшина возраст кое после 5 години се враќа во училиштето од каде заминало заради убиството кое го извршило врз неговата тетка. Обидувајќи се да се ресоцијализира наидува на голем отпор од неговите врсници, кои го нарекуваат социо (од социопат). Во моментот кога се случил немилиот настан од минатото, со него биле двете негови другарки Џо и Лејси со кои му е особено важно да се зближи повторно.ТВ серија: Изопачено (Twisted)ТВ серија: Изопачено (Twisted)Џо многу бргу почнува да му верува и го прифаќа, дури и се обидува да најде начин да му помогне, додека Лејси, која го оставила стариот живот зад себе и изградила имиџ во училиштето едвај се согласува да разговара со него.

Од случката од минатото не се развива приказната во серијата, туку од ненадејното убиство на една од соученичките од училиштето, за кое, очекувано, главен осомничен е Дени.ТВ серија: Изопачено (Twisted)Мајката на Дени, која и самата порано била популарна во соседството од сè срце сака му помогне на својот син, но често излегува дека го прави спротивното. Дополнителна отежнувачка околност е тоа што таткото на Џо е полициски шериф во градот.ТВ серија: Изопачено (Twisted) ТВ серија: Изопачено (Twisted)Никој не знае зошто Дени го направил грозоморниот чин пред 5 години, ниту пак тој смее да каже. Не знаеме ниту кој и зошто ја убил девојката од училиштето, како и дали Дени е виновен за тоа или не.

Серијата ветува свежа приказна за љубителите на мистеријата. Да се надеваме дека ова нема да биде уште една растегната приказна која од недела во недела ќе станува сè потешко да се следи.ТВ серија: Изопачено (Twisted)ТВ серија: Изопачено (Twisted)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар