ТВ серија: Империја (Empire)

ТВ серија: Империја (Empire)

ТВ серија за темната страна на славата и семејните несогласувања

5-tv-serija-imperija-empire-kafepauza.mkГлавни улоги: Тиражи Хенсон, Теренс Хауард

Жанр: драма, музика

Креатори: Ли Дениелс, Дени Стронг

Премиера: 7 jануари 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (13 гласа, просек: 9,77 од 10)
Loading...

Приказна за вистинските вредности на семејството, негативните страни на славата и љубовта кон музиката. Оваа драма нѐ води низ животите на Лушис и неговата поранешна сопруга, Куки Лион откривајќи ни ги темните страни на славата, а сепак доближувајќи нѐ до познатите преку нивните секојдневни проблеми. Дали преплетот од семејни несогласувања проткаени со притисокот на славата ќе ја срушат моќната „Империја“ која со толкав труд, пот и мака се создавала?

0-tv-serija-imperija-empire-kafepauza.mk2-tv-serija-imperija-empire-kafepauza.mk

Дејството започнува со излегувањето на Куки од затвор и враќањето во нејзиниот поранешен дом. Но, работите дома се смениле. Нејзиниот најмлад син, 17-годишниот Хаким, веќе пораснал, пред себе има успешна музичка хип-хоп кариера и притоа одбива да ја прифати мајка си. Средниот син, Џамал, се отцепил од родителскиот дом, живее со неговото момче и е спремен да се справи со светот преку својата моќна музика од душа, а Андре, најстариот е во одборот на директори на музичката куќа „Империја“, во моментов во сопственост на Лушис. Но, сепак, најголемата промена што ја затекнува Куки е новата девојка на Лушис, Аника.

6-tv-serija-imperija-empire-kafepauza.mk

Иако промените си носат свои последици, Куки е решена да се врати назад на тронот, да ги разреши конфликтите со своите синови и да ја одржи „Империјата“ на врвот. Лушис е спремен да го прифати фактот дека тој нема да може уште долго да ја води компанијата и дека полека доаѓа време да ја преземе некој од неговите тројца синова. Дали тоа ќе биде брзоплетиот и размазен Хаким, сериозниот Андре или скромниот, но ветрушест Џамал? Времето е кратко, а одлуката тешка.

3-tv-serija-imperija-empire-kafepauza.mk Empire

Серијата ни го покажува денешното темпо на живот, со спонтан развој на настаните, а со секоја нова епизода нѐ држи во сѐ поголема неизвесност. Оваа ТВ серија е базирана врз филмот од 1968 „The lion in winter“ со Кетрин Хепберн и Питер О’Тул во главните улоги. Целата музика во серијата е оригинална и по продукција на познатиот продуцент и музичар Тимберленд.

Дали Куки ќе успее да се справи со сите предизвици кои ги носи балансот помеѓу работата и семејството? Останува да видиме во оваа серија во која ќе се заљубите уште по првата епизода.

7-tv-serija-imperija-empire-kafepauza.mkEmpire

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар