ТВ серија: Готам (Gotham)

ТВ серија: Готам (Gotham)

ТВ серија за градот Готам пред појавата на Бетмен

ТВ серија: Готам (Gotham)Главни улоги: Кори Мајкл Смит, Бен Мекензи, Доналд Лог

Жанр: криминал, драма, трилер

Креатор: Бруно Хелер

Премиера: 22 септември 2014

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 9,60 од 10)
Loading...

Сте се запрашале ли некогаш како изгледал градот Готам во времето пред Бетмен? Оваа ТВ серија ни го покажува токму тоа. Приказната започнува со убиството на родителите на малиот Брус Вејн (Дејвид Мазуз), а во центарот на настаните е детективот Џејмс Гордон (Бен Мекензи) кој со целата своја сила се бори против криминалот кој владее во овој град. Изгледа дека тој е единствениот детектив кој навистина се бори за правда и кој не е корумпиран, а токму оваа карактеристика може да го чини живот…

ТВ серија: Готам (Gotham) ТВ серија: Готам (Gotham)

Џејмс и неговиот циничен партнер, Харви Булок (Доналд Лог), многу брзо и лесно ќе го решат случајот за убиството на родителите на Брус Вејн, но работите не секогаш се онака како што изгледаат. Џејмс ќе открие дека за убиството била наместена невина личност и токму овој настан ќе го натера да започне со сопствена потрага на вистинскиот убиец. Тој дури ќе му ја признае вистината и на малиот Брус и ќе му вети дека ќе ја открие мистеријата позади загубата на неговите родители.

ТВ серија: Готам (Gotham) ТВ серија: Готам (Gotham)

Навистина е интересно да се гледа како се развиваат ликовите од градот Готам кои сите ние толку добро ги познаваме. Војната која ќе го преземе овој град ќе однесе голем број криминалци како жртви, но таа исто така ќе помогне и во раѓањето на голем број злобни негативци. Додека сè ова се случува, младиот Брус трпеливо ќе набљудува и токму оваа опсесија со криминалот во градот ќе предизвика еден ден тој да побара одмазда како Бетмен.

ТВ серија: Готам (Gotham)ТВ серија: Готам (Gotham)

Во оваа ТВ серија покрај младиот Брус ќе имате можност да погледнете и во животите на Жената-мачка, Џокерот како и на многу други познати ликови од филмовите… Накратко, ако ви се допаѓа приказната за животот на Бетмен и градот Готам, со сигурност ќе ви се допадне и оваа верзија од минатото.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар