ТВ серија: Дожд (The Rain)

ТВ серија: Дожд (The Rain)

Откако брутален вирус преку дожд ќе ја уништи скоро целата популација, дански брат и сестра ќе тргнат во потрага по безбедност

Главни улоги: Алба Огуст, Лукас Лингард Тонесен, Микел Бое Фолсгард

Жанр: научна фантастика, трилер

Креатори: Јаник Таи Мошолт, Кристијан Поталиво, Есбен Тофт Јакобсен

Премиера: 4 мај 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: дански

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 8,00 од 10)
Loading...

 

За само неколку минути, светот целосно ќе се промени. Навидум обичен дожд ќе падне на површината на Земјата и ќе ги убие сите човечки суштества што ќе ги допре во рок од само неколку минути. 6 години подоцна, откако дождот со вирус ќе ја намали популацијата во Скандинавија, дански брат и сестра, Размус и Симон, ќе излезат од безбедноста на својот бункер, гледајќи само траги од некогашната цивилизација. Но, тие не се единствените преживеани. Размус и Симон ќе запознаат многу луѓе во новиот, опасен свет.

Оваа серија за кратко време станува многу интересна. Нема долг вовед, како некои од најпопуларните постапокалиптични дистопии, па веднаш ќе бидете фрлени во центарот на настаните. Исто така, не станува збор само за адреналински обиди за преживување – нешто што владее со сцените во овој жанр. Приказната ќе се обиде да ве потсети што точно значи да се биде човек и ќе ве натера да се замислите дали човештвото би можело по една ваква катастрофа да научи одново да се грижи и да се сака, да разликува добро од зло и едноставно да продолжи да постои во свет што не може ни да го препознае…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар