ТВ серија: Досиеја икс (The X-Files)

Досиејата икс повторно се отвораат!

(1) ТВ серија: Досиеја икс (The X-Files)Главни улоги: Џилијан Андерсон, Дејвид Дуковни, Мич Пилеги

Жанр: мистерија, драма, научна фантастика

Креатор: Крис Картер

Премиера: 24 јануари 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 44 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 10.00 од 10)

Loading...

Повторното оживување на добро позната приказна за досиејата икс беше едно од најочекуваните ТВ настани за оваа година. Но, дали вредеше за чекањето? Ако нè прашувате нас, без сомнение. И покрај тоа што дел од критичарите имаа негативни коментари, сепак голем дел од вистинските фанови беа и повеќе од воодушевени. Зарем постои љубител на оваа ТВ серија кој не би сакал да ги види верникот Молдер (Дејвид Дуковни) и скептичната Скали (Џилијан Андерсон) како повторно, рамо до рамо, трагаат по вистината?

(2) ТВ серија: Досиеја икс (The X-Files) (3) ТВ серија: Досиеја икс (The X-Files)

Во новата сезона, животните патишта на Молдер, кој сè е уште е бунтовник и Скали, која се вратила во светот на медицината, повторно се преплетуваат, водејќи нè до можеби најголемото и најзастрашувачкото откритие досега. Тие, како и секогаш порано, имаат уникатна топла хемија која едноставно ве тера да извикате „Бакни ја, будало!“ Но, светот околу нив е целосно променет. Во денешно време многу лесно можеме да најдеме карактери како Молдер, кој постојано зборуваат за теории на заговор, додека пак, оние скептичните, како Скали, скоро и да не постојат.

(4) ТВ серија: Досиеја икс (The X-Files) (5) ТВ серија: Досиеја икс (The X-Files)

Како што се движи приказната, така откриваме и нов заговор кој изгледа целосно ќе го освои Молдер. Тој како да се врати во живот откако ќе открие дека сите тие години додека работел на досиејата икс нешто сосема друго се случувало во позадина. Нивната истраги биле само една голема лага за да се одвлече вниманието на луѓето од она што навистина се случува – а тоа е дека имаме поголем непријател од вонземјаните, непријател кој имал долго време да ги постави основите за освојување на светот. Што мислите, за кој станува збор?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар