ТВ серија: Добар улов (The Catch)

ТВ серија: Добар улов (The Catch)

ТВ серија за приватна детективка чија кариера е насочена кон разоткривање измами

(1) ТВ серија: Добар улов (The Catch)Главни улоги: Миреил Инос, Роуз Ролинс, Питер Крос, Алими Балард

Жанр: криминал, драма, трилер

Креатори: Кејт Аткинсон, Хелен Грегори, Алан Хеинберг, Џенифер Шур

Премиера: 24 март 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

Станува збор за уште една ТВ серија од Шонда Рајмс, со Миреил Енос во улога на бестрашната приватна детективка Алис Вон од Лос Анџелес. Заедно со нејзината партнерка, Валери Андерсон (Роуз Ролинс), таа води тим кој работи вон границите на законот со цел да разоткријат случаи кои полицијата не може. Тие најчесто се првите кои ги бараат кога станува збор за измамници и измами, бидејќи се најдобри во својата работа, најверојатно затоа што често го прекршуваат законот.

(2) ТВ серија: Добар улов (The Catch) (3) ТВ серија: Добар улов (The Catch)

Во овој момент Алис и нејзиниот тим се многу блиску до откривањето на еден измамник кој ги напаѓа нивните клиенти, и кој постојано им праќа порака која гласи „Дали сте подготвени за играње?“ пред да го направи следниот чекор. Но, како и секогаш претходно, тој успева да им избега. По неуспехот на работа, Алис се враќа дома кај нејзиниот богат и згоден свршеник, Бенџамин Џоунс (Питер Краус), кој всушност е измамникот кој таа се обидува да го фати.

(4) ТВ серија: Добар улов (The Catch) (5) ТВ серија: Добар улов (The Catch)

Со оглед на тоа што неговата мисија ќе заврши, тој ќе мора да го напушти овој живот зад себе, оставајќи ја и Алис. Но, изгледа тоа нема да му биде толку лесно, бидејќи според неговите двоумења можеме да заклучиме дека тој навистина развил чувства кон неа. Сепак работите брзо се развиваат, без тој да може да ги контролира, и таа ќе дознае сè – по што започнува најголемиот случај во нејзиниот живот. Првата епизода завршува така што таа вели: „Сакаш да играме? Ајде да играме!“, давајќи ни до знаење дека таа ќе направи сè за да открие кој се крие зад маската на личноста која таа беше толку убедена дека добро ја знае…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар