ТВ серија: Девојките со кабелот (Las chicas del cable)

ТВ серија: Девојките со кабелот (Las chicas del cable)

4 девојки работа во телефонска компанија и се справуваат со секојдневните проблеми во 1920-тите години

(5) tv-serija-devojkite-so-kabelot-las-chicas-del-cable-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Бјанка Суарез, Надја де Сантијаго, Ирија дел Рио

Жанр: драма

Креатори: Рамон Кампос, Тереса Фернандез-Валдез, Гема Р. Неира

Премиера: 28 април 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 50 минути

Јазик: шпански

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

 

Признајте, веќе некое време ве фаќа носталгија за шпанска серија! Кога бевме помлади, овие ТВ серии владееја на нашите мали екрани, но сега скоро и да ги нема. Со оглед на тоа што шпанската филмска и ТВ индустрија не е толку развиена како американската, многу е тешко и нивните приказни да се најдат онлајн, а и кога се наоѓаат – тие немаат никаква опција за превод. Иако сигурна сум дека на повеќето од вас не ви ни треба превод, со оглед на тоа што го научивте јазикот уште како млади, за оние што малку зарѓале, може да биде потешко да ги следат актерите дур зборат – особено кога го прават тоа многу брзо, а Шпанците се дефинитивно познати по брзото зборување! За среќа, Нетфликс ни излегува во пресрет со „Las chicas del cable“!

(1) tv-serija-devojkite-so-kabelot-las-chicas-del-cable-www.kafepauza.mk

CABLE GIRLS

Дејството се случува во 1920-тите години и уште во старт да ве предупредиме, иако станува збор за оригинална Нетфликс приказна, сепак типичните шпански елементи на драма и изненадување се видливо присутни во секоја сцена. ТВ серијата ни ја раскажува приказната за Алба (Бјанка Суарез), која планира да ограби телефонска компанија за да го отплати детективот што ја уценува по убиството на нејзината пријателка Гимена. Додека е таму, таа открива дека еден од директорите на компанијата е нејзина бивша љубов од која била одвоена пред многу години. Почнува да звучи како шпанска серија, се согласувате? Додајте на тоа и љубовен триаголник и знаете дека сте на вистинскиот канал!

(2) tv-serija-devojkite-so-kabelot-las-chicas-del-cable-www.kafepauza.mk (4) tv-serija-devojkite-so-kabelot-las-chicas-del-cable-www.kafepauza.mk

Покрај приказната за Алба, ТВ серијата ги обработува и битките на жените за своите права во Шпанија, па поради тоа и добива поголема тежина од стандардните „сапуници“. Ликовите се многу лесни за сакање, а нивните секојдневни битки доволно опипливи за да можете да се ставите на нивното место и подобро да ја доживеете целата приказна. Ве заинтересирав? Би гарантирам дека нема да зггрешите доколку викендов ѝ дадете шанса! Но внимавајте, можете толку да се заразите што нема да излезете од дома.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар