ТВ серија: Девицата Џејн (Jane the Virgin)

Забавна и хумористична ТВ серија за една невина девојка која по грешка ќе биде вештачки оплодена

1-tv-serija-devicata-dzejn-jane-the-virgin-www.kafepauza.mk_Главни улоги: Џина Родригез, Андреа Наведо, Џастин Балдони, Ивон Кол, Брет Диер

Жанр: драма, комедија

Креатор: Џени Снајдер

Премиера: 13 октомври 2014

Број на сезони: 1

Времетраење: 40 минути

Јазик: англиски, шпански

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (16 гласа, просек: 9.06 од 10)
Loading...

Приказната на Џејн (Џина Родригез) започнува пред 13 години, кога таа имала само 10 години. Бабата на Џејн, Алба (Ивон Кол) ѝ одржала еден вид лекција за сексот, споредувајќи ја невиноста со прекрасен цвет. Џејн држела во својата рака еден цвет кој Алба ѝ рекла да го згмечи. Откако Џејн го направила тоа, таа се обидела да го врати цветот онака како што бил, но не успеала. Во тој момент Алба ѝ рекла дека истото се случува и со нејзината невиност – откако ќе ја изгуби, таа никогаш повеќе нема да може да ја врати.

ТВ серија: Девицата Џејн (Jane the Virgin) ТВ серија: Девицата Џејн (Jane the Virgin)

Џејн никогаш не ја заборавила оваа лекција и денес, на 23-годишна возраст, таа сè уште ја чува нејзината невиност. Таа е во врска со Мајкл, веќе 2 години, но тие сè уште немале сексуален однос. Нивниот договор е тоа да се случи на првата брачна ноќ. Животот на Џејн може да се каже дека тече според нејзините планови – таа живее со мајка ѝ и баба ѝ, има одлична долгогодишна врска и работи како келнерка во хотел додека учи да биде наставничка. Но, во еден момент нејзиниот живот целосно ќе се преврти наопаку.
ТВ серија: Девицата Џејн (Jane the Virgin) ТВ серија: Девицата Џејн (Jane the Virgin)

Кога Џејн ќе отиде на редовната посета кај гинеколог, ќе се случи нешто што никој никогаш не би помислил дека е можно. Гинекологот Луиза, која претходната вечер открила дека нејзината жена ја изневерува, доаѓа на работа целосно вознемирена и без да обрне внимание, ја прави најголемата грешка во нејзиниот живот – наместо жената во другата просторија, таа ќе ја оплоди Џејн. Можете да замислите каков шок ќе биде ова за една девојка која никогаш немала секс.

ТВ серија: Девицата Џејн (Jane the Virgin) ТВ серија: Девицата Џејн (Jane the Virgin)

Оваа ТВ серија е на некој начин типична „шпанска“ серија која е едноставна за гледање и која со секоја епизода ќе ве изненадува со нов и незамислив настан. Токму поради тоа ако почнете да ја гледате, едноставно нема да можете да престанете. Ако сте расположени за многу драма, тогаш дефинитивно треба да ѝ дадете шанса. И покрај тоа што можеби некои работи нема да ви имаат смисла, сепак приказната без сомнение ќе ве расположи и насмее, а на моменти дури и ќе ве растажи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    spanska serija

Остави коментар