ТВ серија: Агент X (Agent X)

ТВ серија: Агент X (Agent X)

Агент скриен од очите на јавноста, па дури и од претседателот, дискретно соработува со потпретседателот во оние случаи кога нема друго решение

(1) ТВ серија: Агент X (Agent X)Главни улоги: Шерон Стоун, Џеф Хефнер, Џон Шеа

Жанр: акција, драма

Креатор: В. Блејк Херон

Премиера: 8 ноември 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 9,67 од 10)
Loading...

Станува збор за ТВ серија исполнета со многу акција и невозможни мисии кои ќе ве држат на работ од столчето до самиот крај. Приказната се врти околу новата потпретседателка на Америка, Натали (Шерон Стоун) чија најголема задача е да соработува со агентот X (Џеф Хефнер) во оние случаи каде што нема друг начин за справување со заканата. Таа е единствената која знае за овој агент, кој е скриен дури и од очите на самиот претседател поради легални причини.

(2) ТВ серија: Агент X (Agent X) (3) ТВ серија: Агент X (Agent X)

Со оглед на тоа што Шерон Стоун ја толкува главната улога, вие веднаш можете да претпоставите дека станува збор за приказна која има потенцијал. Иако на моменти сцените со акција делуваат малку претерано и невозможно, сепак токму тоа и ја прави оваа ТВ серија забавна за гледање. Сите ние сакаме да гледаме како нашите омилени ликови од малите екрани се соочуваат со навидум безизлезни ситуации, но сепак во последен момент успеваат да најдат решение и да се спасат. Токму тоа и е главната идеја на оваа ТВ серија.

(4) ТВ серија: Агент X (Agent X) (5) ТВ серија: Агент X (Agent X)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар